Контактирајте не и откријте како може да ви користи „Аптис“.
 
Контактирајте не

Доколку ви е потребна веродостојна проценка на вештините по англиски јазик на вашите вработени, „Аптис“ е вистинскиот тест за вас.

„Аптис“ е направен од релевантни експерти од Британски совет, а го користат владините институции и организации на преку 85 држави за утврдување и унапредување на стандардите за англискиот јазик.

Со „Аптис“ може:

  • да направите проценка на познавањето на англискиот јазик на вашите вработени, наставници и студенти, согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици; 
  • да добиете точна проценка дали поединци го поседуваат потребното ниво на познавање на англискиот јазик;
  • да се утврди потребата за усовршување на јазикот, да се вработуваат и унапредуваат вистинските таленти;
  • да се утврди дали студентите се подготвени да следат настава на англиски јазик;
  • да се овозможи веродостоен процес на селекција; 
  • да се утврдат силните страни и недостатоците на програмите и да се оцени во колкава мера тие се успешни.

 

Woman speaking into a headset

Проценка на познавањето на јазикот по светски стандарди

Создаден од експерти за оценување, врз основа на исцрпно истражување, „Аптис“ се темели на најмалку осумдесетгодишно искуство во предавање и спроведување испити по англиски јазик ширум светот. Дознајте повеќе за нашата истражувачка програма и добијте информации од техничка природа!

Споделете на социјални мрежи