„Teaching for Success“, интегриран процес кој води кон подобрување на квалитетот на подучувањето и учењето во образовниот систем 

Владините и образовните институции и меѓународните агенции го помагаат континуираното стручно усовршување на наставниците. Го подготвивме „Teaching for Success“ за да помогнеме во подобрување на квалитетот на подучувањето и учењето во вашиот образовен систем.

Прочитајте и дознајте повеќе за „Teaching for Success“ и како може да ви помогнеме. 

НОВА РАМКА ЗА КОНТИНУИРАНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ (КСУ) ЗА НАСТАВНИЦИ

Успешното континуирано стручно усовршување е во сржта на „Teaching for Success“. Нашиот приод е флексибилен со цел да одговори на барањата на владите и на потребите на наставниците во наставниот процес.

Сите наставници ширум светот треба да имаат можности за висококвалитетно континуирано стручно усовршување кои не само што им помагаат во подобрување на наставниот процес, туку и водат кон поголем успех на учениците. 

СИМНЕТЕ ГИ БЕСПЛАТНИТЕ РЕСУРСИ ЗА НАСТАВНИЦИ И ОБУЧУВАЧИ

„Teaching for Success“ содржи можности за надградување на наставници и обучувачи, почнувајќи од формални обуки и квалификации за наставници, вмрежување и учество во стручни заедници, до други неформални активности за континуирано стручно усовршување. Сите тие може да се комбинираат за да одговорат на вашите потреби. Дознајте повеќе и преземете ги бесплатните ресурси.

УСОВРШУВАЊЕ ЗА НАСТАВНИЦИ ПО СИТЕ ПРЕДМЕТИ

„Teaching for Success“ е соодветен за наставници по сите предмети и вклучува технологија прикладна за наставниците и контекстот во кој работат. Особен фокус е ставен на наставата по англиски јазик. Рамката вклучува високо квалитетни ресурси за обука и развој на наставници, особено за наставниците по англиски јазик.

ПОГОДНОСТИ ЗА ОБРАЗОВНИТЕ СИСТЕМИ, НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ

„Teaching for Success“ ќе го подобри вашиот образовен систем, ќе го модернизира и ќе го направи поефективен. Нашата обука им помагаат на наставниците подобро да работат во училница и нивните ученици да постигнуваат подобри резултати. Обуката ги поддржува наставниците да преземат одговорност за својот професионален развој.

ИСКУСТВО И ЗНАЕЊЕ

Нашиот пристап се заснова на меѓународната експертиза и долгогодишно искуство на Британски совет во поддршка на владите за подобрување на квалитетото на наставата и учењето во образовниот систем.

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи