Одделението за легализација при британското Министерство за надворешни работи и комонвелтот (МНК) е органот што издава апостил-печат за иматели на дипломи од Обединетото Kралство, а кои бараат признавање во земјите каде што живеат.
Британскиот совет обезбедува проверка на документите, што ви овозможува потоа да ги поднесете така проверените документи до МНК во Обединетото кралство и со тоа да започнете постапка за добивање на апостил - печатот.
За понатамошни информации околу услугата за верификување на образовни документи за добивање апостил, ве молиме прочитајте го нашиот правилник.
- Потребно е да ни ја доставите оригиналната диплома, и да го доставите потпишанотo барање.
- Процедурата за верификација може да се направи само откако ќе добиеме потврда за валидноста на оригиналниот документ од универзитетот што ја издал. За таа цел, потребно е да потпишете согласност.
- Верификацијата вообичаено трае 7-15 дена и ќе добиете известување дека документот е верификуван и дека може да го подигнете. Ако некој друг го подига верификуваниот документ во ваше име, ќе треба да го потпишете и доставите овластување.
Откако ќе ја верифицирате дипломата во Британскиот совет, запознајте се со интернет страницата на британското МНК за понатамошната процедура околу добивање на апостил-печатот.