UK qualification in Macedonia image

Минатата година повеќе од 500,000 студенти се стекнаа со светски признати британски дипломи преку вонредни студии. И вие можете да добиете британско образование, без разлика од каде сте и каде живеете.

Ако сакате да студирате на британска образовна институција, но не сте во можност да живеете во Велика Британија, една од најдобрите алтернативи е да се запишете на вонредни студии или програми.

На кои образовни програми може да се студира преку вонредни студии?

Ако одлучите да студирате од Македонија, постојат повеќе можности за студирање на редовни или вонредни студиски програми развиени во соработка со образовните институции од Велика Британија. Проверете ја страницата на „Образование во Обединетото Кралство“ за вонредните програми кои се нудат во Велика Британија.

Дали квалитетот на вонредните студии е ист како и за редовните студенти?

Ригорозните системи кои го контролираат квалитетот на студиите овозможуваат вашето искуство да биде со ист висок стандард како она на студентите во Велика Британија.

Советот за контрола на учењето на далечина (Open and Distance Learning Quality Council - ODLQC) поставува стандарди за вонредни студии. Советот редовно ги следи давателите на овие програми за да осигура дека тие обезбедуваат добра услуга. Може да ја посетите страницата на Советот за контрола на учењето на далечина на која има листа и детали за образовните институции кои тие ги оцениле.

За сите високо образовни нивоа кои се учат како вонредни студии, британските универзитети обезбедуваат целосна информација за стекнатиот степен на образование и уверение за постигнатите резултати за време на студирањето. Дипломата и уверението ги содржат сите информации за тоа што, каде и како сте студирале. Тие ги содржат сите потребни информации кои би ви ги побарале работодавачите или професионалните тела.

Колкави се просечните цени за додипломски и последипломски студии?

Цените зависат од предметот на студии, нивото на студии, од институцијата што ги организира, како и од времетраењето на студиите (дали испитите се полагаат редовно или се преполагаат). 

Најскапи се последипломските клинички студии (околу десет илјади фунти вкупно), а најевтини додипломските студии за некои од општествените науки (околу четири илјади фунти).

Како тече пријавувањето за вонредни студии?

Пријавувањето се врши електронски директно до самиот универзитет што има отсек за вонредни студии, а овие програми и универзитети ќе ги најдете на http://www.ucas.com/how-it-all-works/flexible-study

Заверката на оригиналните образовни документи (свидетелства, дипломи) и документите за идентификација (пасош) се врши во Британскиот совет, за да не ги праќате оригиналите. Повеќе информации за оваа услуга има на http://www.britishcouncil.mk/study-uk/verification.

Каде се полагаат испитите? Треба ли студентите да патуваат во Велика Британија?

За да се завршат вонредните студии, не мора да се патува во Англија. Како поддршка во совладување на градивото, некои универзитети нудат признаени центри за подготовка во многу земји во светот, но подготовката не е задолжителна. 

Годишните испити се полагаат под надзор на Британскиот совет, кој служи како надворешен надзорен орган за сите британски овластени универзитети. Во Македонија, локалната административна такса за полагање на еден испит е 4,500 денари.

Каква е постапката за верификација на стекнатата диплома?

Прочитајте повеќе за процедурата за верификација на стекнатата диплома. 

 

Ако имате дополнителни прашања ве молиме пишете нѝ.

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи