Аплицирајте за Hornby финансирање и помогнете им на наставниците по англиски јазик во вашата локална заедница да се стекнат со вредни можности за професионален развој. Целта на финансирањето е да се стимулира професионалниот развој преку споделување на знаење, обуки за стекнување вештини и обезбедување ресурси секогаш кога тоа е возможно со искористување и јакнење на Hornby Alumni мрежата и други локални и регионални мрежи на наставници.
Вашиот предлог може да се однесува на организирање работилници, семинари, консултации, размени и курсеви, вклучувајќи и курсеви за учење на далечина. Фокусот на предлогот секогаш треба да биде на активностите, а не на капиталните набавки. Максималната финансиска поддршка изнесува 1500 фунти по поединечен предлог.
За да дознаете повеќе за процесот на аплицирање, преземете ги насоките за аплицирање дадени подолу. Рокот за регистрација е 20 октомври 2019 година.