Нашиот тим за услуги кон клиентите Ви дава информации и Ве упатува во врска со Британскиот совет и неговите програми и активности.
Контактот со тимот за услуги е бесплатен, но истовремено имајте предвид дека некои од производите и услугите на Британскиот совет за кои даваме информации или Ви ги препорачуваме е можно да подразбираат одреден финансиски надомест
Како да се пожалите
Ако сакате да се пожалите, тоа може да го направите преку емаил, писмо или телефон, но од наша страна Ве повикуваме жалбата да биде во пишана форма секогаш кога тоа е можно. Сите жалби треба да бидат доставени најдоцна 90 дена од датумот на случување на настанот, или на датумот кога сте дознале за конкретниот проблем.
Надвор од Обединетото Кралство
Контактирајте нè во Македонија.
Во Обединетото Кралство
Контакт со тимот за услуги на Британскиот совет:
Телефонски број: +44 (0)161 884 0291
Емаил: Пополнете го формуларот на интернет кој е достапен на www.britishcouncil.org/contact
Напишете писмо и испратете го на следнава адреса:
British Council Customer Service UK, Bridgewater House, 58 Whitworth Street, Manchester M1 6BB, UK
Имајте предвид дека ние ќе можеме да разговараме само за лични информации и да решаваме жалби кои потекнуваат од наши корисници и клиенти. На пример, тоа може да биде некој од кандидатите кои полагаат испити организирани од Британскиот совет или претставник на организација која е вклучена во програма на Британскиот совет.
Можеби ќе сакате и некоја трета страна да делува во Ваше име - некое друго физичко лице или организација. Трети страни можат да бидат советодавни организации, стручни лица (како што се наставници и сл.) или членови на семејството и пријатели. Во ваков случај ќе треба да доставите писмена согласност за тоа. Повеќе информации во врска со ова може да добиете од разговорите со нас кога станува збор за Вашата жалба.
Како да поднесете приговор за сериозно незаконско постапување
Искористете Safecall да ни кажете дали сте забележале или доживеале некој настан во просториите на Британски совет или однесувањее од страна на вработени, партнери или клиенти на Британски совет кои:
- ја загрозуваат безбедноста на децата или на возрасни од ранливи категории
- ве вознемируваат
- може да се измамници.
Не контактирајте со Safecall ако вашиот приговор е за задоцнети надокнади на средства, или стандардни просторни аранжмани или процедури за испитот. Користете ја постапката за приговор во врска со погоре даденото на оваа страница. Ова ќе ни овозможи да им дадеме првенство на проблеми кои влијаат на безбедноста на луѓето и исто така правовремено да реагираме на вашиот приговор.
Safecall е независен и доверлив начин да ја пријавите вашата загриженост. Достапен е ширум светот на повеќе јазици.
Можете да го контактирате Safecall преку телефон или онлајн формулар. Можете да изберете да останете анонимни.
Го цениме Вашето мислење.
Британскиот совет е посветен на обезбедување транспарентни, висококвалитетни и достапни услуги за секого, и очекуваме да имате одлично искуство со нас. Во комуникацијата со нас сакаме да ги слушнеме Вашите забелешки и предлози за услугите кои сте ги добиле, или кога користите било кои од нашите производи или услуги.
Исто така, свесни сме дека некогаш работите не се одвиваат како што посакуваме, и во тие моменти доаѓа до израз нашата политика за жалби. Ако имате забелешка или жалба која би сакале да ја изразите, Ве повикуваме тоа и да го направите, преку разговор со нас. Ова ќе ни помогне да научиме од сопствените грешки и да ги унапредиме нашите услуги секогаш кога тоа е можно.
Што ќе направиме
Без разлика на природата на Вашата забелешка, или во која држава се наоѓате, или преку кој медиум сте искомуницирале со нас, со Вас секогаш ќе постапуваме непристрасно и со сериозен однос. Наша цел е Вашата жалба да ја прифатиме во рок од три работни дена и истата целосно да ја решиме во рок од десет работни дена. Кога се работи за случаи од посложен карактер, или ако Вашата жалба биде пренесена до повисокото ниво (како што е наведено во делот за „Постапување со Вашата жалба“) тогаш можеби ќе треба повеќе време, но за сето ова ќе бидете информирани во нашата меѓусебна комуникација.
Сакаме работите да ги поставиме како што треба, во Ваш интерес, секогаш кога тоа е можно, и работиме во насока на нивно решавање на брз и правичен начин. Секогаш ќе Ви објасниме што било погрешно и ќе преземеме активности за решавање на таквата состојба.
Понекогаш, единствена работа која ќе може да ја направиме е да се извиниме за одредени ситуации, но ќе ја земеме предвид Вашата реакција за да ја подобриме ситуацијата во иднина.
Постапување со Вашата жалба
Наша цел е да решиме што е можно поголем број на отворени прашања кога првпат ќе стапите во контакт со нас. Нашите вработени ќе разговараат со Вас за да видиме дали е можно решение, но за таа цел тие можеби ќе треба да стапат во контакт и со другите колеги.
Во одредени случаи одговорот на жалбата ќе го добиете од лицето или одделението задолжени за конкретното прашање. Во поретки случаи, кога Вашата желба е од посериозна природа, и ако понатаму не сте задоволни од нашиот одговор тогаш жалбата може да се упати на повисоко ниво. Повеќе информации за ова ќе Ви бидат додадени при конкретното постапување со жалбата.
Решенија
Општ принцип во нашата работа е жалбите да бидат што е можно повеќе ставени во позиција во која би биле ако работите не тргнале наопаку.
Наша цел е да овозможиме практични решенија секогаш тоа е можно. Кога нештата ќе тргнат наопаку, наша цел е:
- Искрено да се извинеме и да ја понесеме одговорноста.
- Да признаеме и да објасниме што е она што тргнало наопаку и од кои причини?
- Напори да ги поправиме работите без никакво одложување.
- Да извлечеме поуки од Вашата жалба за да ги подобриме услугите.
Доверливост
Со Вашата жалба ќе се постапува на доверлив начин, согласно нашата глобална политика за безбедност и приватност на информациите. Информациите кои се однесуваат на Вас ќе бидат споделувани интерно и тоа само до степен кој е неопходен за истражување и решавање на Вашата жалба. Вашите информации ќе бидат споделувани со трети страни само со Ваша претходна согласност или ако ние имаме законска обврска да го направиме тоа.
Согласно Законот за заштита на податоците на Обединетото Кралство, имате право да побарате копија од информациите кои ние ги имаме за Вас, и право да побарате корекција на сите неточности во тие информации.
За повеќе информации на оваа тема слободно контактирајте нè или посете ја нашата интернет страница: www.britishcouncil.org/privacy
Надворешно разгледување
Ако Вашата жалба е особено сериозна и притоа поминала низ сите наши нивоа (до највисокото ниво), во нашиот одговор до Вас ќе укажеме на тоа како да го проследите вашиот случај на разгледување до нашето тело за независно разгледување, ако и понатаму не сте задоволни. Ги објавивме резултатите од неодамнешниот преглед.
Достапност
Ако не сме во можност директно да одговориме на Вашето прашање, тогаш ќе Ве упатиме до некој во организацијата кој ќе може да даде одговор. Ако имате конкретно прашање но не знаете кому да се обратите, ќе Ве поврземе со вистинското лице или тим. Нашите вработени се обучени да користат лесно разбирлива терминологија и јазик и наша цел притоа е информациите да Ви ги дадеме на што е можно појасен начин. Информациите можеме да Ви ги понудиме и со користење на брајова азбука, ако тоа е потребно.