PlayUK имаше дневна музичка програма со диџеи од Обединетото кралство и Западен Балкан, кои пуштаа електронска музика во живо во текот на неделата, дење и ноќе. Публиката имаше можност за првпат да види некои од овие музичари во Скопје. 

петок, 2 ноември 2018

NIGHT SHIFT SHOWCASE: GAMING ZONE

19.00 Dejan Dex 
BerryQyat

МAIN STAGE

22.00 Chagall
DJ Game Over
DJ Гоце Сaф

 сабота, 3 ноември 2018

NIGHT SHIFT SHOWCASE: GAMING ZONE

19.00 Виолета Качакова
Соња Исмаил

МAIN STAGE

22.00 Нино Наумов
Ода Халити
Ben Pearce

недела, 4 ноември 2018, 14.00

CHILL SHIFT SHOWCASE: GAMING ZONE

14.00 Еми Ермилова
Сашо Узун

 

 

Соња Исмаил

Соња Исмаил

Соња Исмаил е присутна на македонската сцена од 2007 година. Нејзиниот прв диџеј сет се случил на шега, токму на 1-ви април на еден голем маскенбал. Музичкиот сензибилитет на Соња Исмаил е комбинација од најразлични музички, но и литературни, културни па и политички влијанија. Па така и музиката која што ја пушта никогаш не е жанровски детерминирана. Затоа во нејзините диџеј сетови може да се чуе некој шашав екс-ју new wave, disco, techno, но и жестоки гитари. Флуидноста, динамичноста и на моменти преплетувањето на сите нејзини идентитети: мајка, сопруга, програмска координаторка во Младинскиот културен центар, некакво малцинство и диџејка,ја прават интересна за најразлична публика повеќе од деценија.