Британски совет и Британската Амбасада во Македонија го обележуваат заокружувањето на првата фаза од проектот „Активни граѓани“.Овој проект е насочен кон активности со кои се мотивираат и обучуваат млади луѓе од различни држави од Западен Балкан подобро да ги раберат потребите на своите локални заедници и нивната положба во регионот и активно да работат на нивно унапредување.  Проектот „Активни граѓани“ истовремено ги јакне вештините и способностите на младите за вработување на современиот пазар на трудот, како и нивното подобро разбирање на одговорностите на институциите кон потребите и аспирациите на младите. 

СПОДЕЛУВАЊЕТО НА ИСКУСТВАТА И РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБУКИТЕ СО МЛАДИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗАЕДНО СО ДИСКУСИИТЕ ЗА МЛАДИНСКИТЕ ПОЛИТИКИ, АКТИВИЗАМ И МЛАДИНСКО УЧЕСТВО СЕ ОДРЖА НА 15 МАРТ ВО СКОПЈЕ. НА НАСТАНОТ БЕА ПРЕЗЕНТИРАНИ И СКОРЕШНИ ИСТРАЖУВАЊА НА ТЕМА МЛАДИ ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО И ПРЕДЛОЗИ ЗА АКЦИИ И ИНИЦИЈАТИВИ ОД СТРАНА НА И ЗА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ВО СВОИТЕ ЛОКАЛНИ СРЕДИНИ. НА НАСТАНОТ ПРИСУСТВУВАА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА, ЧАРЛС ГАРЕТ, ДИРЕКТОРКАТА НА БРИТАНСКИ СОВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА, ЕЛЕОНОРА ЗАПРОВА, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЛОКАЛНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА ГРАД СКОПЈЕ, ОПШТИНА БИТОЛА И ОПШТИНА КУМАНОВО, КАКО И ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПАРТНЕР ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ.

Клучни партнери на Британски совет во реализацијата на проектот се Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и неговите придружни членки од Скопје, Битола и Куманово.

Споделете на социјални мрежи