Ве покануваме да се приклучите во нашиот најнов натпревар на Фејсбук на тема: „Настава по англиски“ и да освоите еден од трите електронски речници на англиски јазик. Уредете ја својата работна маса за да се подготвите за почеток на работниот ден, посетете го порталот Настава по англиски јазик (TeachEnglish) за да ви помогне да ги креирате своите активности во училницата, и раширете ја веста. Поканете ги пријателите да се приклучат и да гласаат за вашиот дизајн на работната маса. Тројцата најактивни фанови со најголем број „лајкови“ ќе освојат модерен, тенок и сеопфатен електронски речник. Побрзајте да нè посетите на Фејсбук пред истекот на рокот во понеделник, 24 март 2014 година.
Интернет-порталот TeachEnglish нуди одлични нови алатки и материјали коишто им помагаат на наставниците во работата во училницата и во нивниот професионален развој воопшто. На оваа страница наставниците може да најдат материјали за во училница што може да се преземат бесплатно, од кратки активности па сѐ до целосни планови на часови за деца и за возрасни. Исто така, достапни се и статии за аспектите на наставата, како и бесплатни материјали за развој и за обука на наставниците.