Creative hubs conference logo image
Date
Среда 16 Декември 2015 - 10.00
Локација
Кинотека на Македонија, Скопје

Ги здруживме силите со Плакарт - Здружение на дизајнери во организација на првиот јавен настан за креативни центри (хабови) во Македонија. На конференцијата се поканети гости од Македонија, од регионот и од Велика Британија, кои ќе зборуваат за искуствата во поддршката која ја даваат на креативци и креативните сцени во нивните средини.

Што се тоа креативни хабови и кому му служат? Какви услуги пружаат и како може да бидат одржливи? Кои се искуствата од Велика Британија и од светот? Што е потребно за да се развиваат и да го помагаат растот на креативната економија?

По конференцискиот дел, Линзи Смит од Одделот за креативна економија при Британски совет и Џилијан Исон од Креативен Данди ќе одржат работилница за формирање креативни хабови и креативно здружување, со фокус на создавање на креативни заедници. Тие ќе пренесат свои искуствата од Велика Британија, искуства од работата со креативните хабови низ светот и ќе ја промовираат алатката за креативни хабови наречена Креативен ХабКит.

Дознајте повеќе и пријавете се за учество на официјалната страница на настанот. Обезбеден е симултан превод од англиски на македонски јазик, а присуството е бесплатно.

 

Споделете на социјални мрежи