Бирото за развој на образование и Британски совет објавуваат конкурс за обука на 16 наставници-ментори по англиски јазик од државните училишта во Македонија.
Заинтересираните кандидати треба:
- да имаат завршено Филолошки факултет – група англиски јазик (наставна насока)
- да имаат најмалку пет години работно искуство како наставник
- да покажуваат интерес и мотивација за понатамошен професионален развој
- да имаат познавање на англискиот јазик на ниво Ц1 согласно Заедничката европска референтна рамка на јазици
Заинтересираните наставници да ја пополнат пријавата и на македонски и на англиски јазик и да ја испратат на elt@britishcouncil.org.mk најдоцна до 17 часот до 24 декември 2015 год.
Обуката ќе се реализира од 13 – 15 јануари 2016 год во просториите на Британски совет.
ОПИС НА ОБУКАТА
Бирото за развој на образование и Британски совет организираат обука за 16 наставници по англиски јазик од државниот сектор кои ќе можат да се подготват да преземат менторска улога. Обуката е соодветна за наставници кои немаат никакво менторско искуство и за наставници кои веќе имале менторска улога, но кои сакаат да ги надградат своите вештини.
Обуката се фокусира на следниве теми:
1. Кој може да биде ментор, што е менторството и зошто е важно
2. Улогата на менторот и активности и техники за поставување цели
3. Фази во процесот на менторирање
4. Како да се креира ефективен однос
5. Управување со агенди и состаноци; воспоставување ефективни менторски договори
Обуката ја препорачуваме за наставници по англиски јазик кои се заинтересирани, мотивирани, кои сакаат да напредуваат и кои имаат некакво искуство со менторирање или се заинтересирани да станат ментори.
Рок за пријавување: 24 декември 2015 до 17 часот.