Date
Среда 24 Март 2021 - 15.30

Како да присуствувате

Изложбата на PlayUK ќе се емитува во живо преку интернет.За да присуствувате, едноставно најавете се преку линкот на eventbrite, при што линк за приклучување на изложбата ќе биде споделен со вас пред настанот.

 

Придружете ни се во попладневните часови на 24 март на последниот настан во живо како дел од PlayUK 20/21. Изложбата на PlayUK 20/21 ќе ги обедини водечките креативци за видео игри, експертите и лидерите на заедниците од целиот Западен Балкан и Велика Британија во текот на едно попладне исполнето со дискусии и разговори во живо од еден сосема нов простор за виртуелни изложби на PlayUK.

Задоволство ни е што на настанот ќе ѝ посакаме добредојде на групата говорници која ги вклучува Малат Абас (BiomeCollective), Дајана Димовска (NapNokGames), Иван Нотарос, Кристина Јанковиќ (Serbian Games Association) и Џордан Ерика Вебер.Останете во тек во следните неколку недели кога ќе објавуваме повеќе говорници и ќе го споделиме целиот распоред на настани.

Изложбениот настан на PlayUK ќе може да го следите во живо од сосема новиот простор за виртуелни изложби на PlayUK.Создадена во Mozilla Hubs, дизајнот на оваа нова виртуелна изложба припаѓа на илустраторот Анџела Јанковиќ, додека изработката е дело на Андреј Јагар. Преку сликите од почетната фаза на концептната уметност за изложбата, имате можност да „ѕирнете“ што ви подготвуваме зад сцената.

По изложбениот настан на PlayUk во живо, просторот за виртуелни изложби ќе биде отворен за посета за сите луѓе ширум светот. Посетителите ќе можат слободно да го истражуваат овој разигран и енигматичен амбиент инспириран од српската архитектура. Тука тие ќе можат да ја запознаат групата за менторство на PlayUK или да ги следат сите говорите во нашите PlayUK онлајн салони што се одржаа во изминатите 6 месеци.

Споделете на социјални мрежи