Програмата на Европската унија за млади професионалци од Западен Балкан е пилот-проект кој се состои од регионална менаџмент програма за обука за млади државни службеници од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, поранешна Југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија), која е раководена од Европската комисија и реализирана од Британски совет.
Пријавувањето е отворено од 15 до 25 септември 2016 година. На избраните кандидати ќе им биде дадена можност да учествуваат на тро-неделна (15 работни денови) обука во Сајнсис По во Париз (Франција) насловена како „Извршен сертификат за менаџмент и јавна политика“, за да се зајакнат нивните професионални капацитети и да се подготви следната генерација на државни службеници и донесувачи на одлуки одговорни за процесот на пристапување кон ЕУ во шесте држави од Западен Балкан. Исто така, избраните кадидати ќе учествуваат и на дво-неделна Програма за регионална размена, како втор дел од проектот, за поврзување на ниво на државни службеници заради промоција на регионалната соработка во процесот на пристапување кон ЕУ.
Во оваа програма, која се реализира ислучиво на англиски јазик, ќе бидат избрани 30 учесници за двата дела од програмата (обука и размена), со по пет учесници од секоја држава во регионот.
Повикот е отворен за државни службеници на средно ниво, како што е детално наведено во Деловникот на повикот објавен на веб страницата на проектот, каде ги има сите потребни информации и каде може да се изврш пријавувањето.
* Ова именување е без претензии за позицијата на статусот и е во согласност со резолуцијата на СБ на ОН 1244/1999 и мислењето на МСП за Косовското прогласување на независност.