Selector Pro 2022, image
Date
Петок 18 февруари 2022 до Сабота 19 февруари 2022

Се враќа меѓународниот музички форум Selector PRO 5! Директен пренос во февруари!

Овогодинешниот форум се соочува со реални проблеми поврзани со индустријата, но сепак тој е посветен да остане во чекор со сите претстојни промени. Ја повикуваме силата на музичката заедница — нејзиното тешко извојувано искуство и долгогодишна заемна поддршка — да го обликува „променливото ново нормално“ според нашите потреби. Што точно значи тоа? Едноставно кажано, Selector PRO 5 ќе обедини десетици професионалци од музичката индустрија во Обединетото Кралство, Европа и Централна Азија со цел да се справат со големите тековни и претстојни прашања во индустријата.

Форумот ќе се одржи на 18-19 февруари 2022 година и ќе содржи осум модерирани панели на различни музички теми.

Како ќе изгледа? Форумот Selector PRO ќе има 8 модерирани панели коишто ќе покриваат разни теми од музичката индустрија. На Британката Џејн Бис од The Factory и Manchester International Festival ќе ѝ се придружат Пол Мекгиверн од британската агенција Playbook Artists и Берил Сариалтун од турскиот проект My City My Voice за да разговараат за влијанието на пандемиските години врз индустријата и да ги споделат своите позитивни искуства од успешните студии на случај и соработките на далечина во текот на претходните две години.  Дона Клоуз од британскиот фестивал 5G Festival ќе разговара за неодамнешните индустриски достигнувања коишто резултираат со примамливи хибридни настани, а во нејзино друштво ќе се најде и Украинецот Антон Воловик од Reface, којшто ќе зборува за тоа како уметниците треба да се поврзуваат со публиката и подобро да ја забавуваат. Британката Џоти, диџејка во Rinse FM, ќе се здружи со нејзината сонародничка Ели Џајлс од Step Music Management, Украинката Анастасија Бабичева од Masterskaya и психологотот Вера Кравченко за да дискутираат за справување со омразата на интернет.

Шони Кабаљеро од британската агенција Go 2 Agency ќе води работилница посветена на тема којашто е мошне актуелна како резултат на порастот на пазарот на дигитална музика — авторските права. Таа ќе расветли прашања како што се заштитата на едно авторско дело и добивањето соодветен надоместок, „правилата“ за креативни онлајн содржини и како треба да се постапи кога трето лице без дозвола го користи вашето авторско дело. Ќе присуствуваме и на она што несомнено ќе биде еден опсежен разговор помеѓу делегатите од два исклучително уникатни музички пазари — Британецот Џон Дан од Parallel Lines и Грузиецот Ѓорѓи Киконишвили од Electronauts/Bassiani/Horoom Nights. Тие ќе зборуваат за тоа како ги составуваат своите тимови, нивните методи, како успеале да ги преживеат изминатите две години и што ја придвижува независната музика во нивните земји. На Клер О'Нил, коосновачка на британскиот Greener Festival и претседателка на Зелената група на Здружението за електронска музика, ќе ѝ се придружат Феимата Конте, менаџер за одржливост на животната средина на британскиот фестивал Manchester International Festival и Вера Логданиди, украинската музичка активистка од Rhythm Büro, за да разговараат за улогата на индустријата во соочувањето со климатските промени. Тие ќе дискутираат за тоа што уметниците и публиката можат да преземат за да придонесат за поодржлив музички сектор и остварливи решенија за системски промени преку уметноста.

Но како сево ова да не е доволно, ќе разгледуваме и нови пристапи за соработка, ефективно управување со времето, предизвикот наречен онлајн тим билдинг, ангажирање на публиката, монетизација во онлајн просторот и многу повеќе. 

Конференцијата Selector PRO ќе се одржи на онлајн платформа којашто е лесна за употреба и овозможува бројни функции како што се мрежно поврзување, интерактивни работилници и дискусии, соби за разговор во четири очи и библиотека со ресурси за прегледување изминати преноси. 

Плус, не можете да се жалите за цената. Дигиталниот форум Selector PRO е бесплатен со претходна регистрација. Форумот е бесплатен. Сè што треба да направите за да присуствувате е да се регистрирате овде

Пред почетокот на настанот ќе ги добиете вашите детали за најава и насоки за тоа како да се движите низ просторот за онлајн состаноци.

Споделете на социјални мрежи