Контактирајте нè
Пратете ни порака
или јавете се во нашата канцеларија
Во денешниот деловен свет важно е на работодавците да им покажете дека можете ефикасно да комуницирате на англиски јазик во секојдневни деловни ситуации. За тоа ние ви го нудиме Cambridge English: Business деловен англиски.
Cambridge English: Business Vantage (BEC Vantage)
Cambridge English: Business Vantage познат е и како Business English Certificate Vantage (BEC Vantage). Тој е втор во серијата од три сертификати за деловен англиски јазик од Одделот за серифицирање на англиски јазик при Универзитетот во Кембриџ. Оваа квалификација покажува дека можете да комуницирате на англиски во деловно опкружување. Тој е на исто ниво како Cambridge English: First (FCE), но е повеќе насочен на деловниот англиски.
Ниво на квалификација: високо средно = В2 во Заедничката европска рамка.
Кој треба да го полага овој испит?
Кој треба да го полага овој испит?
Овој испит треба да го полагате ако сакате на работодавците да им докажете дека вашиот англиски е доволно добар за да работите во деловно опкружување каде што се зборува англиски јазик. Учењето за BEC Vantage ќе ја зголеми вашата сигурност и вашите знаења од англискиот јазиккои ви се потребни за успех во светот на меѓународниот бизнис.
За да го полагате испитот, треба да бидете способни:
- да го разбирате значењето на деловните извештаи и писма
- да го изразите вашето мислење, или да имате дискусија за конкретни прашања
- да дадете куса, подготвена презентација и да напишете кус предлог
Сите испити за деловен англиски имаат три дела. Истиот ден ги полагате деловите за читање и пишување и за слушање, а за зборувањето можебиќе биде потребно да се вратите некој друг ден. Делот за зборување се спроведува со двајца испитувачи и со уште еден, или двајца кандидати.
BEC Vantage | Читање | Пишување | Слушање | Зборување |
Време | 1 час | 45 мин | 40 мин | 14 мин |
Оценки (% од вкупното) | 25% | 25% | 25% | 25% |