Како дел од програмата Unearthing State Violence, Forensic Architecture (ФА) ќе реализира еднодневен семинар во Музејот на современата уметност – Скопје, организиран околу нивните нови проекти, со цел да понуди увид во истражувачките методи и предизвици на нивниот колектив. Семинарот ќе се одржи на 30 октомври, во две сесии - утринска со времетрање од 10.30 до 12.00 часот и попладневна сесија од 14.00 до 15.30 часот.
Сите се добредојдени да се приклучат, меѓутоа предност ќе имаат апликантите кои имаат искуство и интерес за уметничките пракси и истражувања во полето на заштитата на човековите права, при тоа вклучувајќи визуелни методологии од различни аспекти и профили (архитекти, дизајнери, визуелни уметници, писатели, куратори и активисти).
Сите заинтересирани кандидати за работилницата треба да присуствуваат на целосната дво-дневна програма на Forensic Architecture, односно нивното јавно предавање на 29.10. во 19.30 часот, како и работилницата.
Просторот е ограничен, затоа ве молиме испратете емејл за искажување на интерес за учество на faworkshop.msu@gmail.com.
Ве молиме имајте предвид дека последен датум за ваше регистрирање е 27 октомври. Потврдените учесници ќе бидат информирани најдоцна до 28 октомври.