Панел дискусија: Уметноста на четвртата индустриска револуција 

Уметноста на четвртата индустриска револуција е панел дискусија што има за цел да разгледа теми поврзани со крстопатот на уметноста и технологијата. Додека ИТ секторот брзо се развива, светот на уметноста се уште се двоуми дали е оправдано да се користи технологија за натамошен развој на креативноста. Дали овие промени претставуваат нова можност за уметничката пракса и за контекстот во кој што се претставува или дали нивната глобална распространетост ја зголемува потребата од „лесна“ содржина, што се прави исклучиво за забава? На овој собир ќе се обидеме да ги утврдиме проблемите и можностите што потекнуваат од овие промени. 

Нашите панелисти се: Ian Forrester (BBC), Simon Wilkinson (уметник), Никола Узуновски (уметник). Модератор: Гораст Цветковски 

Панел дискусија: Иновативна форма на соработка меѓу универзитетите 

Новата ера на дигитален развој создава потреба од нови луѓе со нови вештини. Со брзиот развој на технологијата се потешко е образовните програми да го поддржуваат ваквиот развој. Од друга страна, дигиталните старт-ап компании и центри станаа места каде што новите вештини, знаења и ресурси најдобро може да се искористат во пракса. Од овие причини, претприемачите и универзитетите се вртат кон нови форми на соработка. Овие нови видови на соработка не се само за оние со технички познавања: тие важат и за оние од други области, а во поново време и за креативниот свет на уметноста. Целта на оваа панел дискусија е да се претстават примери на најдобра практика од Обединетото кралство и од Западен Балкан. 

Нашите панелисти се: : Roger McKinley (FACT) и Vladimir Trajković (FINKI). Модератор: Гораст Цветковски

Споделете на социјални мрежи