Што е недела на кодирање?
Европската недела на кодирање е движење кое се залага за креативност, решавање проблеми и соработка преку програмирање и други технолошки активности. Нивната цел е да го направат програмирањето повидливо и да ја демистифицираат оваа вештина. Организацијата е поддржана од Европската Комисија и има за цел да допре до 50% од училиштата во Европа до 2020 година.
Зошто да се приклучите?
Учеството во Европската недела на кодирање ги прави кодирачките активности на вашето училиште повидливи за другите и помага во создавањето можности за вмрежување на училиштата. Заедно со сите други училишта во вашата земја, се натпреварувате со другите европски земји за титулата најдобра во 2019 година. Ќе имате и можност да добиете Сертификат за извонредност доколку 500 ученици учествувале во вашиот настан и/или доколку имате 10 поврзани активности и/или 3 земји кои се вклучени во вашите активности.
Зошто сме совршени партнери?
Нашето партнерство им овозможува на наставниците и учениците во училиштата низ цела Северна Македонија и Западен Балкан, да стекнат практични вештини за програмирање, но и во најдобро светло да ги претставуваат своите активности и земји на платформата на Европската недела на кодирање. Многу сме задоволни што она што го работиме ќе биде многу подостапно до пошироката јавност. Исто така, со нетрпение очекуваме многу повеќе регистрирани проекти на Европската недела на кодирање, што сигурно ќе придонесе вашата земја да стане многу подобро позиционирана на ранг листата на сајтот.