Нема подобро време од сега да почнете да ги правите сите работи што сакавте да ги направите, но никогаш немавте време. Без разлика дали дневно имате само десет минути или цел час за да вежбате, нашите материјали за учење ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини по англиски јазик.
ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО НИВО НА ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Започнете со преземање на нашиот бесплатен тест за граматика и вокабулар на англиски јазик за да го пронајдете вашето ниво. Врз основа на вашите резултати, платформата ќе ви понуди материјали за вежбање за да продолжите да се подобрувате.
ПОДОБРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЈАЗИЧНИ ВЕШТИНИ
Откако ќе го дознаете вашето ниво, подготвени сте да започнете да работите на вашите вештини за слушање, читање и пишување. Изберете го вашето ниво и потоа користетеразлични текстови и аудио записи, интерактивни вежби и работни листови.
АНГЛИСКИ ЗА ТИНЕЈЏЕРИ
Во моментовмногу ученици ширум светот не можат да одат на училиште. Во ова тешко време,користењето на веб-страницата LearnEnglish Teens може да ви помогне да продолжите да учите и вежбате англиски дома. LearnEnglish Teens има многу видеа, аудио и текстови за читање кои ќе ви помогнат да ги подобрите своите вештини за англиски јазик и да ви помогне во учењето. За да почнете, предлагаме да поминете помеѓу 20 и 30 минути на ден користејќи ја страницата LearnEnglish Teens. Ако сте доследни, навистина ќе напредувате.