IELTS results image

Разбираме дека ви е важно да ги добиете вашите резултати што поскоро, но еднакво е важно да добиете резултат во складсо она што сте постигнале.

Можете да ги очекувате резултатите од ИЕЛТС 13 календарски денови после тестот. 

РЕЗУЛТАТИ ИЕЛТС ОНЛАЈН И ПРЕКУ ПОШТА

Ќе можете да ги погледнете резултатите 13 денови после главното тестирање. 

Вашите резултати по ИЕЛТС (познати како извештај за резултати од тестот) ќе ви го испратиме по пошта 13 денови по главното тестирање. Доколку лично сакате да си ги подигнете резултатите од нашата канцеларија, ве молиме известете нѐ преку електронска порака(info@britishcouncil.org.mk) пред резултатите да бидат објавени. Резултатите нема да можете да ги добиете по телефон, имејл или факс.

ОБРАЗЕЦ ЗА ИЗВЕШТАЈ ОД ТЕСТОТ (ОЗИТ)

Ќе добиете една копија од образецот за извештај од тестот. За жал, нема да можеме да ви издадеме замена, доколку ја загубите првата.

Сепак, во период од две години можете да аплицирате (во центарот каде сте полагале) за верифицирани фотокопии од извештајот од тестотза тие да бидат испратени до одредени институции. 

ОБРАЗЕЦ ЗА ИЗВЕШТАЈ ОД ТЕСТ ЗА ИНСТИТУЦИИ 

Можеме да испратиме до пет дополнителни примероци од вашиот извештај директно до институциите во кои се пријавувате (на пример, универзитети, канцеларии за емиграција итн.). Ако сакате да го сториме тоа, ве молиме да ги вклучите релевантните адреси кога ќе се пријавувате за тестот на порталот во период од две години од полагањето на тестот.

Некои институции можат да ги видат резултатите на кандидатите преку услугата за проверка на извештајот од тестот ИЕЛТС. За ова е потребен број од извештајот од тестот што можете да го најдете во крајниот десен агол во извештајот од тестот.

Период на важност на Образецот за извештај од тестот

Институциите обично нема да го прифатат извештајот од тестот ако е постар од две години. После овој период, морате да им доставите доказ дека сте го оддржале, или сте го подобриле нивото на познавање на англиски јазик од времето на полагање на тестот.

ТОЛКУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЕЛТС

ИЕЛТС ви нудибодовипо сите нивоа на познавање на англиски јазик: не постои положил или паднал. Ќе добиете поени од нула до девет за секој дел од тестот – слушање, читање, пишување и зборување.

Дознајте повеќе за тоа како да ги толкувате резултатите на ИЕЛТС со деветободовниот систем.

Дознајте како резултатите од ИЕЛТС се поврзани со Заедничката европска референтна рамка на Советот на Европа.

КАКО ДА ГО ПРЕИСПИТАТЕ ВАШИОТ РЕЗУЛТАТ?

Доколку имате прашање во врска со вашиот резултат можете да аплицирате на нашата услуга за повторна проверка на резултатите. Ова мора да се направи не подоцна од шест недели од датумот на тестирање. Може да одберете кои делови од тестот сакате да ви се преоценат.

Надоместокот за услугата за преиспитување на резултати изнесува 5500 денари кои ќе ви се вратат во целост доколку како резултат на преоценувањето вашиот резултат се промени. Повторното прегледување на резултати може да трае од 2 до 21 ден, во зависност од повеќе фактори, меѓу кои и бројот на делови за проверка. Доколку немате добиено одговор во рок од 28 дена, ве молиме контактирајте го центарот во кој сте се тестирале.Пополнете го формуларот

Надоместокот се уплаќа во банка:

•         Име на банка: Комерцијална банкa
•         Број на сметка: 300000001838574
•         Цел на дознака: Име и презиме / проверка на ИЕЛТС резултат

МОЖЕ ЛИ ДА ГО ПРЕПОЛАГАМ ТЕСТОТ?

Можете да го полагате тестот колку пати сакате. Сепак, имајте предвид дека доколку сакате значително да го подобрите вашиот резултат, потребно е дополнително учење. Истражувањата на ИЕЛТС укажуваат дека резултатите не би можеле да се подобрат без дополнително изучување на англискиот јазик.

ПОПЛАКИ И ПРИЈАВА НА НЕПРАВИЛНОСТИ НА ИСПИТ

Ако кандидатот има некоја забелешка на начинот на одржување на испитот, мора веднаш по завршувањето на испитот да го контактира одговорното лице. Сите задоцнети поплаки нема да бидат земени во предвид. Ако кандидатот забележи некои неправилности на испитот, потребно е веднаш да ги пријави после испитот – ве молиме да го користите документот на крајот од оваа страница. 

Споделете на социјални мрежи