Woman working in office image

Во Република Македонија, има серија закони што пропишуваат докажување на познавањето на странски јазик со меѓународно признати сертификати, за вработените или за идните вработени.

Што сѐ е потребно да знаете за успешно да се подготвите и да се стекнете со меѓународно признаена диплома за познавање на странски јазик, потребна на работното место и за напредок во кариерата?

Како се користат одредбите за познавање на странски јаици?

Меѓународните дипломи наведени во некои македонски закони се користат во работниот контекст, и тоа при прием на нови кадри, при континуирана проценка на сегашните кадри, при изготвување анализи за потребите за обука на вработените, при планирање и креирање програми за обука, како и при планирање на буџети за обука во институциите на годишно ниво.

На кое ниво е потребно познавање на јазикот?

Нивото на англиски (или друг) јазик, а со тоа и потребниот тест кој треба да се положи, зависат од: поединечните потреби на секоја институција, видот на позицијата, колкава е потребата за користење на англиски јазик и дали позицијата бара размена на информации на англиски јазик или работна посета во земја во која англискиот јазик е службен.

  • Познавањето на јазикот на ниво А1 е за вработени кои треба да разберат основни фрази (лични) кога се зборува полека, или да може да прочитаат основни зборови, дури и прости реченици (натпис, плакати).
  • Познавањето на јазикот на ниво А2 е за вработени кои треба да знаат да разберат основни реченици за ориентирање, лични податоци, и да може да разберат куси и јасни пораки и соопштенија.
  • Познавањето на јазикот на ниво Б1 е за вработени кои треба да ја разберат суштината на јасен говор за познати теми од работната средина или околината, и кои треба да разберат секојдневен текст во писмо или опис на настан.
  • Познавањето на јазикот на ниво Б2 е за вработени кои треба да посетуваат обука/конференција во која материјалите се делумно или целосно на англиски јазик, или кои треба да пишуваат извештаи/анализи на англиски јазик.

Како да дознаете на кое ниво го знаете странскиот јазик?

Ви нудиме едноставна табела за самооценување на вашите јазични вештини од Европското јазично портфолио на Советот на Европа. Исто така, имате можност да направите брза дијагностичка проверка на бесплатниот тест http://www.cambridgeenglish.org/test-your-english/.

Кои меѓународни дипломи се признаени според законот?

Британски дипломи по англиски јазик согласно Европската јазична рамка

Меѓународни на Кембриџ инглиш – КЕТ, ПЕТ, ФЦЕ (доживотни), БУЛАТС, ИЕЛТС – препорачана важност 2 години

На Британски совет, за интерна употреба – Аптис

Американски тестови по англиски јазик

ТОЕФЛ - препорачана важност 2 години

Германски тестови според Европската јазична рамка

Гете Сертификат (Goethe-Zertifikat)

Француски тестови според Европската јазична рамка

ДЕЛФ (DELF), ТЦФ (TCF), ТЕФ (ТЕF)

Како меѓународните дипломи соодветствуваат со јазичните нивоа?

На секое јазично ниво од Европското јазично портфолио соодветствуваат одредени испити и/или соодветни бодови кои треба да се освојат.

Еден пример за врската меѓу јазичните нивоа и испитите по англиски јазик е даден во следниот пример со испитите на Кембриџ.

Дополнително, ви нудиме инфографик кој ќе ви помогне да оцените кој тест по англиски јазик одговара на вашите потреби.

Дали има можности за подготовка за усовршување на познавањето на странскиот јазик?

За англиски јазик, Британски совет нуди повеќе опции, и тоа:

Кои се условите за полагање на јазик?

Пријавувањето за испитите ИЕЛТС и Cambridge English е електронско. Погледнете како може да се пријавите и за тестот Аптис.

Прочитајте повеќе зошто треба да полагате испит за познавање на англиски јазик во Британски совет.

Како се добиваат резултатите?

Оригиналниот образец на извештајот од тестот ИЕЛТС ќе ви го испратиме по пошта 13 дена по денот на главното тестирање. Потребно е неколку дена за да го добиете писмото по пошта. Прочитајте повеќе за испитот ИЕЛТС.

За испитите на Cambridge English, најголем дел од резултатите ќе бидат објавени четири недели по денот на испитот освен за тестовите кои се полагаат на компјутер, чии резултати ќе бидат објавени по само две недели. Исклучок е тестот БУЛАТС, за кој резултатите ги добивате веднаш после полагањето, или наредниот работен ден. Прочитајте повеќе за БУЛАТС.

За Аптис, резултатите ги добивате веднаш, по завршување на последниот дел од испитот (доколку полагате само граматика и вокабулар, читање и слушање). Прочитајте повеќе за Аптис.

Информации за резултатите не се даваат по телефон или преку електронска пошта.

Доколку сте претставник од институција, помогнете ни со ваши одговори на овој краток анонимен прашалник кој се однесува на вашата потреба за испит по англиски јазик и за јазичните нивоа.

Дознајте повеќе за можностите за учење англиски јазик со нас и повеќе за меѓународно признатите сертификати кои ги нуди Британски совет.

За повеќе информации поврзани со нашата работа пишете ни порака или посетете ја нашата веб страница.

Споделете на социјални мрежи