Woman smiling image

Советот на Европа го воведе Европското јазично портфолио (ЕЈП) за да даде поддршка и признание на учењето на јазиците и меѓукултурните искуства на сите нивоа.

Централно место во Европското јазично портфолио имаат јазичните вештини, кои вклучуваат слушање, читање, говорна интеракција, говорна продукција и пишување.

Ви нудиме едноставна табела за самооценување на вашите јазични вештини од Европското јазично портфолио на Советот на Европа.

ТАБЕЛА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ

Користете ја оваа табела за да процените на кое јазично ниво ги знаете јазиците за кои имате одредени познавања. Доколку веќе поседувате сертификат или потврда за познавање на одреден странски јазик, на некои од нив е наведено нивото со кое го користите јазикот (А1-Ц2). Еден пример за врската меѓу јазичните нивоа и испитите по англиски јазик е даден во следниот пример со испитите на Кембриџ.

Дознајте повеќе за меѓународните испити по англиски јазик кои ги нудиме.

Споделете на социјални мрежи