Креативни индустрии се оние кои потекнуваат од индивидуалната креативност, од вештини и од талент, кои имаат потенцијал за создавање работни места и добросостојба и тоа преку создавање и искористување на интелектуалната сопственост.
Секојдневно сме сведоци на големото влијание кое креативните луѓе го имаат на целокупната економија и раст во општеството. Но, како да утврдиме кои од нив спаѓаат во креативните индустрии и како најдобро да ги лоцираме?
Нудиме разработена методологија за утврдување и лоцирање на креативните индустрии како целина или по сектори.