Програмата на British Council ,,Creative Producers‘‘ е уникатна можност за професионален развој на продуцентите низ Европа: Ерменија, Азербејџан, Грузија, Казахстан, Турција, Украина, Узбекистан и Западен Балкан. Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со познатата продукциска агенција Curated Place (UK) со цел да развијат вештини и да се вмрежат интернационално.
Оваа програма е дизајнирана да ја прошири и промовира професијата Creative Production на меѓународно ниво со поддршка на нови проекти, тимови и креативни економии со цел да создаде амбициозни и смели креативни проекти.
Ги охрабруваме креативните продуценти да експериментираат и да работат во различни уметнички форми, затоа, не ја пропуштајте оваа единствена шанса да се предизвикате самите себе си и да се пријавите за програмата!
Работилниците се дизајнирани да се работи во меѓународни групи преку креирање проект и идеја, јасно пренесување на идејата, истражување и практични размислувања околу проектот, како и каде, кога и за која целна група е наменет. Целта на програмата е да се создаде одржлива и инспирирана заедница на креативен сектор, вкоренета локално, но поврзана на меѓународно ниво, која ги разбира сите аспекти на креативното производство, од креативната визија и техничките предизвици до буџетите, логистиката и публиката.