Microbit 1

Нашиот свет брзо се движи. Дури 65 проценти од денешните ученици ќе работат на работни места што се уште не постојат. Никогаш не било толкав голем предизвик како денес да се подготват младите за утрешниот свет. Квалификациите и знаењето и натаму се важни, но повеќе не се доволни за да се обезбеди успешна иднина. На децата им е потребна и заслужуваат можност да пораснат во креативни и критички настроени граѓани, подготвени да ја вообличат иднината за себе.

Учење на компјутерско размислување, решавање на проблеми и критичко размислување е многу важно за децата, а ние го направивме ова забавно! Организиравме три работилници за деца и една работилница за наставници и сакаме да им се заблагодариме на нашите обучувачи Енди Пауел, MadLab (Обединето кралство), Олга Самарџиќ-Јанкова, Маја Виденовиќ и Владимир Трајковиќ за прекрасната работа. 

Британски совет посветено ги поддржува училиштата во земјите од Западен Балкан да ги развијат капацитетите и да им понудат на учениците вештини што се неопходни за тие да можат позитивно да придонесат за културата и економијата на 21. век.

Microbit
Споделете на социјални мрежи