„Активни граѓани“ е програма за обука за социјално лидерство што промовира меѓукултурен дијалог и социјален развој предводен од заедницата.

Преку програмата ќе споиме на едно место лица со различни уверувања и перспективи за да учат и споделуваат едни со други. Во соработка со нашите партнери од целиот свет, ги обучуваме учесниците за вештините и знаењето потребни за да се направи социјална промена во нивната заедница. Партнерите ги наоаѓаат соодветните лица, а ние ги обучуваме за вештините што им се потребни за тие да извршат обука на други лица за Активни граѓани. По обуката, тие ги користат алатките на „Активни граѓани“ и ја спроведуваат обуката за учесници од локалните заедници во целиот свет.

Активни граѓани се поединици кои сакаат да сменат нешто во светот. Тие се влијателни и се трудат да го подобрат животот на луѓето што живеат во нивната заедница. Тоа се луѓе и институции што се угледни, ценети и од доверба во заедницата – граѓански здруженија, невладини организации, религиозни лидери, политичари, младински работници, итн. Со програмата тие ќе се стекнат со вештини и знаења потребни да дизајнираат и спроведат проекти за социјална акција за решавање на социјалните проблеми во нивната заедница. 

Проект „Активни граѓани“ во Западен Балкан

„Активни граѓани“ и „Дигитални градови“ се два проекти финансирани од владата на нејзиното Величество во вкупна вредност од 1,2 милиони фунти. Овој проект ќе се спроведува до март 2018 година. За најновите вести во врска со проектот, следете ја глобалната страница на проектот на Фејсбук. Facebook page .

 

Споделете на социјални мрежи