Доколку вашата институција сака да воспостави соработка со универзитети од Обединетото Кралство, независно дали помеѓу наставниот кадар или за размена на студенти, за реализација на заеднички програми, соработка во истражувачката дејност или во надградување на знаењата, споделуваме можности кои ќе може да ви помогнат.
Можности за соработка со британски универзитети
- Програма за унапредување на улогата на науката во општеството во Западен Балкан
- Училишта од 21-от век
- Breaking barriers to entrepreneurship
- New Technologies in Education
- Дигитални градови
- Активни граѓани
- Going Global 2016: конференција за високото образование
- Можности за соработка со британски универзитети
Еразмус+
Европската Унија е спонзор на Еразмус програмата повеќе од 25 години со цел да ги промовира размената на студенти и професори и меѓуинституционалната соработка во Европа и пошироко. Новата програма Еразмус+ нуди многу поголеми можности за соработка помеѓу високообразовните институции од Европската Унија и оние кои се надвор од неа, врз основа на искуствата и успесите од претходните европски програми Еразмус Мундус, Темпус, Алфа и Едулинк.
Со средствата може да се поддржи размена на студенти и наставен кадар од високообразовните институции од Европската Унија и од земјите кои не се во неа; заеднички пост-дипломски и докторски студии; и меѓуинституционални партнерства. Европската Комисија управува директно со некои од овие фондови. Во Обединетото Кралство, програмата Еразмус+ ја води Националната агенција на Обединетото Кралство, што е партнерство помеѓу Британски совет и Екорис (Ecorys). Британскиот совет ги води децентрализираните активности за високото образование на Еразмус+.
Хоризонт 2020
Хоризонт 2020 е до сега најголемата „Програма за истражување и иновации на Европската Унија“, вредна 80 милијарди фунти, чии средства се достапни за период од седум години (2014 - 2020) и која ќе привлече дополнителни приватни инвестиции. Програмата ветува нови епохални откритија, пронајдоци и новини преку преземање на одличните идеи од лабораториите и нивното пласирање на пазарот.
Спојувајќи ги истражувањето и иновациите, Хоризонт 2020 овозможува да се постигне одлично лидерство во науката и индустријата, истовремено фокусирајќи се на некои од најголемите предизвици со кои се соочува општеството. Целта е поврзување на европските и светските истражувачи заедно да работат во насока на креирање на светски призната наука, отстранување на препреките во иновациите и овозможување на јавниот и приватниот сектор здружено да работат кон нивното спроведување. Хоризонт 2020 нуди низа можности за соработка со институции кои се надвор од Европската Унија. Сепак, постојат различни правила во зависност од регионот, правниот и економскиот статус.
ЕУРАКСЕС ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО (EURAXESS UK)
ЕурАксес (EurAxess) претставува иницијатива на Европската Унија која нуди поддршка во областа на меѓународната мобилност и кариерниот развој на научните работници. Британски совет управува со веб-страницата на ЕурАксес во Обединетото Кралство и нуди информации за состојбата на британската истражувачка работа, практични информации за мобилните научни работници, база со податоци за пребарување на работни места и достапни средства за меѓународна истражувачка работа.
- Програма за унапредување на улогата на науката во општеството во Западен Балкан
- Училишта од 21-от век
- Breaking barriers to entrepreneurship
- New Technologies in Education
- Дигитални градови
- Активни граѓани
- Going Global 2016: конференција за високото образование
- Можности за соработка со британски универзитети