Градиме држави и поврзуваме култури: образовни политики, економски развој и вклучување
Од вторник, 3 мај 2016 до четврток, 5 мај, Кејптаун
Што мислите дека би направило критична промена во прифаќање на различностите во областа на високото образование? Каква е улогата на обезбедување квалитет во високото образование при изградбата на јак и отворен економски систем? Приклучете се на конференцијата Going Global 2016 за да дебатирате на овие и на слични прашања со лидерите од областа на образованието од целиот свет.
Going Global е отворен форум на кој лидерите од образованието од цел свет може да дискутираат за проблемите, предизвиците и можните програми за соработка во областа на високото образование.
Од своите почетоци во 2004 година, конференцијата Going Global се одржуваше секоја втора година. Сега прерасна во годишна конференција која наизменично се одржува во Велика Британија и во други големи градови ширум светот и привлекува повеќе од 1000 учесници од образовниот и од други сектори кои дискутираат за иднината на образованието во меѓународна сфера.
Going Global 2016 ќе се фокусира на образованието од неколку аспекти:
- Образовна политика: локални приоритети, национални системи и глобални двигатели
- Економски развој: вештини, претприемнички дух, истражување и иновации
- Вклученост: демократија, социјална правда и меѓународни односи