Ние сме силно посветени на еднаквите можности и разнообразноста во Обединетото Кралство како и сите други земји во кои работиме.
За оваа програма
Со помош на експертиза од Обединетото Кралство, во изминативе три години работевме со Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија на спроведување на законите за недискриминација во Северна Македонија.
Нашите цели
Нашето партнерство со Министерството за труд и социјална политика се фокусираше на зајакнување на капацитетот на институциите на централните власти во поглед на насочување на спроведувањето на ново усвоената стратегија за еднаквост и недискриминација врз основа на етничка припадност, возраст, ментални/физички посебни потреби и родова припадност.
Преку анализа на тековната состојба развивавме сет на препораки, ги развивме капацитетите на јавните и на државните службеници и претставивме добри практики на чинителите во рамките на национална конференција.
Влијание
Студија за тековната состојба
За да ни помогне да ја разбереме тековната состојба на практиките на недискриминација и на достапните механизми на заштита, во текот на летото во 2012 година еден тим од македонски експерти спроведе студија. Резултатите покажуваат дека на граѓаните им треба помош за да ја препознаат и да ја разберат дискриминацијата. Клучните препораки на студијата вклучија подобрување на тековното законодавство, политиките и стратешките документи, како и на механизмите за заштита од дискриминација.
Градење на капацитетот
Со помош на експерти од Обединетото Кралство, ние обучивме тим од 15 обучувачи од единаесет национални институции задолжени за спроведување на Стратегијата за еднаквост и недискриминација. Тимот на обучувачи произведе модули за обука и водичи за обука за најмногу 850 јавни и државни службеници и претставници на граѓанскиот сектор, што ги спроведовме во 2013 година.
Национална конференција
За да обезбедиме можности за размена на добрите пракси меѓу државните институции, социјалните партнери и организациите на граѓанското општество, во декември 2012 година ние организиравме национална конференција.
Проектот завршува со конференција на која ќе се усвои Декларација за еднаквост и за недискриминација.
Проектот беше финансиран од Британската амбасада во Скопје, а го спроведовме во партнерство со Министерството за труд и социјална политика.
Во минатото Британскиот совет бил партнер на Министерството за труд и социјална политика во рамките на два други проекта, во чии рамки е донесена експертиза од Обединетото Кралство за да се изградат капацитети за новото законодавство на недискриминација (2010), и да се насочи законодавството на општинско ниво (2011).