Проектот Western Balkans Media for Change обезбедува поддршка за медиумите и индивидуалните новинари за да им помогне да ги подобрат оперативните капацитети, одржливоста на бизнисот и потенцијалот за иновации, а истовремено има за цел подобро да ги опреми медиумските професионалци да продуцираат поразновидна, фактичкипроверена и родово чувствителна содржина,која ќе достигне и ќе вклучи поширока публика, особено жени, млади, лица на возраст од 65+ години и други недоволно застапени заедници.
Преку нашите шеми за грантови, медиумските професионалци од целиот Западен Балкан ќе имаат пристап до низа активности, вклучувајќи: соодветно менторство, Програма за извонредност во новинарството, локална и регионална соработка (стажирање, производство на содржини, летна школа), можности за вмрежување и споделување знаење за медиуми, млади и жени новинарки.
Проектот Western Balkans Media for Change е финансиран од Владата на Обединетото Кралство и госпроведува British Council во партнерство со Balkan Investigative Reporting Network (BIRN), Thomson Foundation и INTRAC (The International NGO Training and Research Centre).
Проектот започна во октомври 2023 година и трае до март 2025 година.