Луѓето се потпираат на локалните медиуми за информации поврзани со нивните заедници и локалната власт. Програмата „Мedia for All“ овозможува менторство, обука и поддршка од експерти за локалните медиуми ширум Западен Балкан, за поефективно вклучување на публиката.
Британски совет соработува со партнерите Балканската истражувачка мрежа (БИРН), Фондацијата „Томсон“ и ИНТРАК (Меѓународниот центар за обука и истражување на НВО) за програмата „Media for All“, којашто е финансирана од Владата на Обединетото Кралство.
Ги охрабруваме медиумите ширум Западен Балкан да бидат финансиски и структурно понезависни, да ја унапредат родовата еднаквост на работното место и ги поддржуваме да создаваат поквалитетна, релевантна и родово чувствителна содржина што ќе привлекува и опфаќа нова публика, вклучително жени, млади и маргинализирани групи.
Во рамките на програмата „Media for All“ соработуваме со новинари, уредници, сопственици и публика од земјите ширум Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија).
Со овозможување поддршка за деловен развој согласно потребите на медиумите, со зацврстување на двонасочната комуникација помеѓу граѓаните и медиумите, со поддршка за младинските медиуми и младите новинари и со зајакнување на родово чувствителното новинарство, програмата „Media for All“ започна во септември, 2019 година и ќе трае до март, 2022 година.
Нашите програмски активности