Creative Spotlight е повеќемесечна програма која се состои од внимателно курирани модули дизајнирани да го прошират постојното знаење на учесниците и да го поттикнат развојот на вештини кои се клучни за квалитетно производство на содржина.
Оваа програма е развиена во рамките на проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), имплементиран од УНЕСКО, Британски совет и Италијанската агенција за развојна соработка (AICS) и финансиран од Европската Унија.
Учесниците на оваа програма ќе тргнат на патување кое вклучува сеопфатна серија на курсеви за самостојно е-учење, on-line трeнинг сесии и работилници, грантови за продукција придружени со менторство и награди за најдобрата содржина создадена за време на овој програмски циклус. Целта на патеката за учење е да го подобри знаењето на учесниците за создавање видео содржини, визуелно раскажување на приказни, раскажување на приказни на повеќе платформи и со нови трендови и технологии во креирањето на содржина. Примарната цел е да се вклучи и прошири публиката низ различни платформи.
Програмскиот циклус Creative Spotlight во рамките на CC4WBs ќе биде спроведен од Фондацијата Томсон, водечка организација за развој на медиуми и градење капацитети во Европа. Преку компонентата Creative Spotlight на проектот CC4WBs, имаме за цел да промовираме меѓукултурен дијалог и да го подобриме социо-економското влијание на културниот и креативниот сектор во Западен Балкан.