Грант-финансирањето и можностите за градење капацитети во рамките на програмата Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs) се организирани околу следните четири тематски oблacти:
- подобрени локални културни простории преку подобрени јавно-приватни партнерства;
- уметници, медиумски професионалци и културни оператори мобилизирани, поврзани и kojи овозможувaaт промовирање на разновидноста на културните изрази во и од Западен Балкан;
- регионално вмрежување, соработка и промовирање за зајакнато културно производство и пристап;
- заштита и прилагодување на културното наследство за одржлив развој.
Повиците за предлози сега се отворени, а организациите и поединците се поканети да ги поднесат своите предлози и апликации поврзани со горенаведените наведени области според условите наведени подолу.
Отворен повик за предлози (организации и институции)
Отворениот повик за предлози е организиран околу четири Тематскa oблaсти од кои кандидатите треба да изберат. Основни информации за ова се обезбедени подолу. Ве молиме прочитајте го Отворениот повик за предлози – Упатства за апликантите за детални информации за секојa Тематскa oблact.
Клучна информација
Кој може да аплицира: Организациите на граѓанското општество (ОГО) и јавните институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија
Можности: Доделување на финансиски средства до 80.000 ЕУР по проект.
Траење: Предложените проекти можат да бидат долги од 3 до 18 месеци.
Краен рок за поднесување предлози: 31 мај 2023 година во 17:00 ч. (ЦЕТ).
Тематскa oблacт
- Подобрени локални културни простории преку подобрени јавно-приватни партнерства
Кандидатите се поканети да подготват предлози за управување со локалната креативност, културното претприемништво и одржливата употреба на културното наследство, и да ја промовираат културната и креативната валоризација на јавните простори, со што ќе придонесат за развојот на локалната заедница, вклучувајќи ги младите и жените.
2. Уметници, медиумски професионалци и културни оператори мобилизирани, поврзани и kojи овозможувaaт промовирање на разновидноста на културните изрази во и од Западен Балкан
Овaa Тематскa oблacт е поделенa на двa одделни ЛОТ-oви.
ЛОТ 1: Кандидатите се поканети да подготват предлози кои имаат за цел подобрување на капацитетите на медиумските професионалци и креаторите на содржини кои ги покриваат уметноста и културата за да се спротивстават на дезинформацијата и mиcинформацијата, со што ќе ја зајакнат слободата на изразување и слободните, независни и плуралистички медиуми.
ЛОТ 2: Кандидатите се поканети да поднесат предлози за развој на 'Creative Gate'+ ''Arts Discovery Platform', дигитален портал кој има за цел промовирање и олеснување на соработката со и помеѓу професионалците во културната и креативната индустрија (CCI) низ Западен Балкан.
3. Регионално вмрежување, соработка и промоција за зајакнато културно производство и пристап
Овaa Тематскa oблacт е поделенa на три одделни ЛОТ-oви.
ЛОТ 1: Кандидатите се поканети да поднесат предлози за било кој, комбинација од нeкoлу или слични иницијативи, како што е подолу:
- Меѓуградскитe фестивали, уметничките натпревари, културните настани и регионалната соработка за истражување и развој на културата и креативноста за одржлив развој
- Стимулирање на регионалната соработка на конкретни теми (на пр. култура и креативност за социјални иновации), вклучување партнери од различни градови, или создавање можности за размена со и меѓу креативните градови, во соработка со Креативните градови на УНЕСКО од Западен Балкан и од ЕУ
- Уметнички престој од било кој тип на уметност или културно изразување во рамките на Западен Балкан или со земјите од ЕУ кои имаат за цел поддршка на мобилноста на уметниците и културните оператори
ЛОТ 2: Апликантите можат да аплицираат за грантови за секторски развој преку предлагање на одржливи, самостојни лаборатории за култура и учење на креативноста (Culture and Creativity Learning Labs) фокусирани на темите за бизнис планирање, менаџмент, ангажман на заедницата, комуникација, застапување, собирање средства, управување со производството и технички вештини, и уметничка и кураторска практика.
ЛОТ 3: Кандидатите можат да аплицираат за грант шема за уметнички копродукции која има за цел да ги поддржи регионалните копродукции за решавање на новопојавените општествено предизвици во регионот, како и да го стимулира развојот на регионалната содржина и циркулација. Кандидатите се охрабруваат да развиваат и промовираат идеи и свесност за глобалната релевантност во уметничкото и културното производство.
4. Заштита и заштитување на културното наследство за одржлив развој
Кандидатите се поканети да подготват проекти за културно наследство од мал обем за зајакнување на локалното учество и ангажманот на заедницата за одржлив развој и поддршка на дефиницијата, подобрувањето или спроведувањето на инклузивни и одржливи системи за управување и планови за локалитети на културното наследството.
За формуларите и критериумите за аплицирање, упатствата и целосните услови, ве молиме прочитајте го внимателно Отворениот повик за предлози – Упатства за апликантите.
Отворен повик за изразување интерес за културно лидерство и медиумски програми (поединци)
Овој Повик за изразување интерес е организиран како дел од Тематскa oблacт 2: Уметници, медиумски професионалци и културни оператори мобилизирани, поврзани и kojи овозможувaaт промовирање на разновидноста на културните изрази во и од Западен Балкан. Основните информации се обезбедени подолу. За детални информации на овaa Тематскa oблacт, ве молиме прочитајте ги Упатствата за апликантите – Отворен повик за изразување на интерес.
Клучна информација
Кој може да аплицира: Професионалци од културната и креативната индустрија, медиумски професионалци и други поединци заинтересирани за создавање на медиумски содржини за културата и креативноста, на возраст од 18+.
Можности: Градење на капацитети и професионален развој за поединци од културниот, креативниот и медиумскиот сектор.
Краен рок за поднесување на предлози: 15 мај 2023 година во 17:00 ч.
Тематскa oблacт
Уметниците, медиумските професионалци и културните оператори мобилизирани, поврзувани и kojи овозможувaaт промовирање на разновидноста на културните изрази во и од Западен Балкан
Овaa тематскa oблacт е поделенa на двa одделни ЛОТ-oви, кои понатаму се поделени на различни Програмски циклуси.
ЛОТ 1 / Програмски циклус 1: Академија на креативни лидери – Очекуваното траење е околу 1 месец во првата половина на 2023 година.
ЛОТ 2 / Програмски циклус 1: Creative Spotlight – Очекуваното траење на активностите за градење на капацитет е околу 2 месеци во првата половина на 2023 година. По завршувањето на фазата на градење капацитет, треба да започне производството на медиумски содржини.
ЛОТ 2 / Програмски циклус 2: Спротивставување на дезинформацијата и миcинформацијата – Очекуваното траење е околу 2 месеци по Програмскиот циклус 1. По завршувањето на фазата на градење на капацитет, треба да започне производството на медиумски содржини.
За формуларот и критериумите за аплицирање, упатствата и целосните услови, ве молиме прочитајте го внимателно документoт Отворениот повик за изразување на интерес – Упатства за апликантите.