Ако имаш помеѓу 18 и 30 години, доаѓаш од голем град или мало село, без разлика дали студираш, работиш или само сакаш да размислуваш за светот околу тебе, сподели ја твојата приказна со нас!

Кажи ни што сакаш - зборувај за себе, за твоите пријатели, за пошироката заедница или за организација; кажи ни што мислиш за ковид-19! Потребна ни е твоја помош за да креираме прашалник кој целосно ги рефлектира твоите потреби и грижи поврзани со ковид-19, за да спроведеме истражување и да ги претставиме наодите од истражувањето до пошироката јавност. Ова ќе и помогне на твојата генерација да влијае врз владите, невладините организации, донаторите, универзитетите, бизнисите и пошироката заедница - за да ја добиете потребната поддршка.

Што добиваш ти со учество во програмата?

  • Можност за вмрежување со твои врсници во земјава и низ регионот на Западен Балкан и заеднички да разговарате за влијанието на ковид-19 врз вашиот живот и иднина.
  • Можност да ја обликуваш агендата за истражување и да бидеш сигурни дека поставуваме прашања што навистина ти значат.
  • Можност да ги презентираш наодите од истражувањето пред креаторите на политиките, лидерите на невладините организации, донаторската заедница и да го обликуваш нивниот одговор на ковид-19 - во корист на младите.
Споделете на социјални мрежи