VET training for the labour market
VET training for the labour market

Во октомври 2013 година, Стефан Џон, консултант од Обединетото Кралство  одржа две презентации на кои го презентираше британскиот модел на соработка помеѓу образованието и компаниите. Презентациите беа наменети за претставници од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за економија, Центарот за стручно образование и обука, стопанските комори, работодавачите и компаниите од Македонија.

Презентациите на Стефан Џон може да ги превземете на оваа страница.

Со помош на експертизата од Обединетото Кралство, Центарот за стручно образование и обука направи инструменти и индикатори за анализа на потребите на пазарот на трудот кои беа пилотирани во неколку општински училишта и бизниси преку серија анкети, фокус групи и панел дискусии. Истовремено, направена е и анализа на функционалноста на инструментите. Финалниот производ е „Методологија и инструменти за анализа на мрежата на средните стручни училишта во Република Македонија“, која може да се преземе од оваа страница.

Претходно, во 2012 година, во соработка со Центарот за стручно образование и обука изготвена е „Анализата за потребите од следење на одредниците на учениците по завршување на стручното образование“.

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи