Темнокоса жена, седната на маса во кафуле, се насмевнува зад отворен лаптоп и гледа во нејзиниот пријател.

Жените не се еднакво застапени во медиумите ширум светот. Ова го потврдува глобалното истражување и истражувањето кое е специјално спроведено за Западен Балкан. 

Медиумите имаат можност да одиграат значајна улога за да се слушне гласот на недоволно застапените луѓе и заедници кои можеби биле исклучени во минатото. 

Нашата програма за родова еднаквост „Media for All“ ги поддржува унапредувањето и развојот на родовата еднаквост во земјите од Западен Балкан. Имаме за цел да ги адресираме нееднаквостите кои ги искусуваат новинарите и новинарките, уредниците и менаџерите преку обуки, вмрежување, менторство и создавање политики. Исто така, го истражуваме влијанието коешто го има Ковид-19 врз жените во медиумите и истражуваме на каков начин може да придонесат родовите политики да се сменат стереотипите и да им се спротивставиме на предрасудите кои се поврзани со родот.

Во овој дел