Ангела Петровска, новинарка, Види Вака
Главната мотивација за учество на проектот Media for All беше потенцијалот на обуките и работилниците.
Главната мотивација за учество на проектот Media for All беше потенцијалот на обуките и работилниците.
На младите коишто работат во медиумите им е потребна поддршка од секој можен аспект. Оттаму, во учеството во проектот „Media for All“ препознав одлична можност како за мојот тим, така и за себе како писателка и уредничка на почетокот на кариерата. Како младинска редакција секојдневно се залагаме да ја подобриме нашата работа, а проектот „Media for All“ ни овозможи да го збогатиме нашето знаење и да стекнеме искуство.
На самиот почеток од мојата кариера како новинарка во 2021 година ја објавив мојата прва статија за истражувачко известување. Токму затоа, иницијативата „Media for All“ и шансата да учествувам во неа беа силен ветер во мојот грб.
Ситуацијата на нашата медиумска сцена е таква што медиумите, пред сè, медиумите ЗА млади создадени од млади, се речиси невидливи, економски неодржливи и опстојуваат само благодарение на огромната волја на поединци подготвени да се вложат себеси над нивните можности, со верба дека може да направат позитивна промена.
За проектот „Media for All“ разбрав пред две години, кога ТВ „Митровица“ стана дел од овој проект. Кога дознав за можностите што проектот ги нуди, сметав дека учеството во него ќе биде корисно лично за мене и за медиумот во којшто работам. Во ТВ „Митровица“ работам како координатор на програмата „ Engaged Citizens Reporting“ и мислам дека ова е едно од најдобрите искуства што сум ги имала за време на мојата неколкугодишна работа во медиумите.
За „Амфора медиа“ проектот „Media for All“ претставува „академија“. За време на проектот, нашиот тим разви нови пристапи и го подобри професионалното известување. Исто така, нашата публика е повеќе вклучена, што ни помага да известуваме поквалитетно. Младите професионалци стојат исправени предмногубројни предизвици во медиумската средина, која е сè поранлива на општествените и политичките збиднувања. Од друга страна, малите медиуми во коишто работат млади професионалци се соочуваат со ограничени технички и финансиски можности.