Со цел да ги поддржи квалитетот, ангажираната и иновативна продукција на содржини, локалната и регионална соработка, професионалниот развој, можностите за стажирање, вмрежување, мобилност и валидација на бизнис идеи, проектот Western Balkans Media for Change ja објавува можностa за финансирање преку грантови, наменети за поединци, медиуми, здруженија и други организации од земјите од Западен Балкан.
Проектот Western Balkans Media for Change е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а се имплементира од Британскиот совет, во партнерство со Balkan Investigative Reporting Network (BIRN), Thomson Foundation и INTRAC (Меѓународен центар за истражување и обука и на невладини организации).
Грантовите кои ќе бидат поддржани преку овој повик треба да спаѓаат во следниве шест (6) приоритетни области:
- Валидација на бизнис идеја
- Продукција на содржина преку учење, мобилност или соработка
- Зајакнување на содржините на јавниот радиодифузен сервис и на опфатот на публика
- Развивање на публиката и нејзино ангажирање
- Поддршка за вмрежување
- Промовирање на квалитетно, професионално и етичко новинарство
Активностите треба да се имплементираат во земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Времетраењето на проектите може да биде од еден (1) месец до најмногу шест (6) месеци.
Кој може да аплицира
- Организации – медиуми, како традиционални така и оние на интернет, групи/ тимови на новинари кои имаат статус на правно лице (на пример: здруженија, формално воспоставени мрежи, итн.) и невладини медиумски организации од земјите од Западен Балкан.
- Поединци – медиумски професионалци, млади новинари, студенти и креатори на медиумски содржини
- Иницијативи– мрежи, групи, тековни или планирани иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат улогата на жените и младите во медиумскиот сектор, да промовираат квалитетно новинарство, регионални иницијативи, итн.
За детални информации, критериуми за аплицирање и понатамошни насоки, Western Balkans Media for Change ги поканува сите заинтересирани страни да ги снимат документите кои се во продолжение на оваа објава. Ве молиме внимателно следете ги инструкциите во секој документ за тоа како да ја поднесете својата апликација (апликации).
- Овој повик е отворен до 1 август 2024 година до 24.00 часот. Апликантот може да ја поднесе апликацијата (апликациите) за време на целиот период додека е отворен овој повик.
*Сите активности кои се финансираат во рамките на овој повик мора да завршат до 28 февруари 2025 година.
- Апликантот може да достави и повеќе од една апликација во рамките на оваа програма за грантови, бидејќи повикот ќе биде постојано отворен. Но, на апликантите на кои им е одобрен повеќе од еден грант од ова грант програма, не им е дозволено истовремено да спроведуваат повеќе проекти и во даден моментеден апликант може да има само еден активен договор за грант. Поради тоа, кога аплицираат за грантови, апликантите треба да ја имаат предвид предложената временска рамка.
- Апликациите мора да се пополнeти на англиски јазик.