Child looking at the micro:bit codable computer

Спроведувана во партнерство со релевантни образовни институции во секоја земја, програмата има за цел да им овозможи на учениците на возраст од 10-15 години да стекнат вештини за критичко размислување и решавање проблеми. Покрај учењето вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата ќе научат и практични вештини за кодирање и ќе имаат можност да ги практикуваат своите вештини преку физички компјутери.

Како дел од програмата, секое училиште на Западен Балкан ќе биде снабдено со голем број „Микро:бит“ уреди  – џебни компјутери на кои децата можат да програмираат и да ги користат за различни предмети за решавање на секојдневни проблеми. Тоа им овозможува на учениците да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин.

За да се биде конкурентен на глобалниот пазар на труд, вештините за решавање на проблемите, критичкото размислување, дигиталната писменост и креативноста се клучни за успехот.

Teachers talking
„Штом го зедоа уредот micro:bit в раце, нивната фантазија се разбуди, почнаа да поставуваат прашања: „Што ако се обидеме вака?“, „Што ако го поврземе micro:bit со oва?“, „Што ќе се случи ако направиме вака?“ Тоа е клучот, да се научи како да се решаваат нерутински проблеми. Децата стануваат креативни, што мислам дека е многу важно.“ 

Каде започна - Приказна за најхрабрите училишта

Пилот проектот „Училишта на 21 век“ беше спроведен во соработка со „BBC micro:bit“ образовната фондација во текот на 2017 и 2018 година. Во него беа вклучени 135 училишта и 26 000 ученици од Западен Балкан. 

За време на пилот-проектот, 1180 наставници беа обучени за тоа како да применуваат нови вештини за настава користејќи „Микро:бит“ уреди. Сите минаа низ петдневна воведна обука за тоа како да воведат три вештини (критичко размислување, решавање проблеми и кодирање со помош на „Микро:бит“ уреди) во нивниот процес на настава и учење. Поддршката беше обезбедена од страна на 17 национални обучувачи за основни вештини, обучени од експерти од Британските совети и персоналот на „Микро:бит“ образовната фондација.

Споделете на социјални мрежи