Во рамките на проектот „Media for All“, на летната школа учествуваа тринаесет новинари од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Тие им се придружија на колегите од Романија, Турција, Бугарија, Република Чешка, Полска, Молдавија, Грција и Хрватска, со цел да стекнат нови вештини и да научат нови техники за истражувачко известување, како и да работат на вистински истражувачки известувања.
Годинава, БИРН започна соработка со „Лајтхаус Репортс“, наградувана непрофитна организација со седиште во Холандија којашто води комплексни транснационални истраги. Тие ги применуваат комбинација од традиционални новинарски методи и нови истражувачки техники, како што се науката за податоци и интелигенцијата обезбедена од отворен код.
Летово учесниците за првпат имаа можност да изберат една од четирите теми: Оружје, Надзор, Земјоделство и Отпад. Во текот на неделата, тие работеа поделени во четири тимови водени од обучувачи од БИРН и „Лајтхаус Репортс“, со цел да истражуваат наоди и да создаваат стории за регионот.
Целта на летната школа беше да се стекнат нови вештини, но и да им се укаже можност на учесниците да го применат наученото со известување за една од дадените теми на обуката. Тие работеа во тимови и создадоа нови мрежи, споделуваа вештини и искуства и заедно ќе создаваат истражувачки стории за регионот.
Британски совет во партнерство со Фондацијата „Томсон“, БИРН и ИНТРАК работи на проектот „Media for All“ којшто е финансиран од Владата на Обединетото Кралство.
Што сметаат учесниците дека ќе им биде најмногу од корист?
Подолу може да прочитате за искуствата на некои од учесниците на летната школа во рамките на проектот „Media for All“.