Во Северна Македонија, каде професионалните независни медиуми се соочуваат со предизвици во однос на одржливоста, програмите како Western Balkans Media for Change играат значајна улога. Благодарение на поддршката, овие медиумски куќи продолжуваат со работа, пренесувајќи веродостојни, проверени, вредни информации со висок квалитетна различни теми – често отсутни во комерцијалните и мејнстрим медиуми.
Поддршката и ресурсите обезбедени од програмата Western Balkans Media for Change овозможија на Portalb.mk како тим да донесе различни приказни на првите редови, претворајќи ја во реалност нашата визија да ги направиме повидливи неправдата и предизвиците при борбата за социјална правда, еднаквост, како и темите кои се родово чувствителни и во чиј центар се младите.
Фокусирајќи се на теми и гласови кои се помалку слушнати или често непокриени на соодветен начин во медиумите, редакцијата на Portalb се обидува да придонесе кон една медиумска околина, која ги отсликува реалните потреби, проблеми и предизвици со кои различните групи секојдневно се соочуваат. Имајќи на ум дека во поголемиот дел од случаите не се работи само за известување, туку и да се поттикнат институциите и оние кои носат одлуки да донесат одлуки и да преземат акција, Portalb.mk вредно работи за да инспирира значајни промени.
Најголемата придобивкаод грантот е тоа што нашиот тим научи како да користи нови алатки и техники, кои го збогатија нашето известување, кое нѝ помогна да ја зголемиме нашата публика. Се осврнавме доста на истражувачкото новинарство. На конструктивен начин, воведовме различни теми, дури и оние кои се сметаат за „табу“ од патријархалните норми. И овие теми побудија дебати, имаа значаен удел на социјалните медиуми во секојдневните разговори. Преку менторство и различни работилници понудени од програмата, ги подобривме своите новинарски вештини, вештини за работа со мултимедија и, исто така, имавме можност да учествуваме на работилницата за добросостојба на новинарите. Еден важен резултат со кој се гордееме е Open Mic – серија од поткасти кои ги создаде нашиот медиум, чија цел е да се покриваат теми кои директно влијаат на младината и жените, кои ги ставаат во центарот на вниманието успешните приказни и таленти и отворено зборуваат за прашањатаза кои навистина се засегнати.
Исто така би сакала да ја истакнам алатката ECR (вклучени граѓани кои известуваат) која имавме можност да ја вклучиме во нашата работа. Оваа нова алатка нѝ помогна многу да се поврземе со нашата публика и дури и да вклучиме нова публика која не сме можеле да ја допремена други начини. Сега им е лесно да стигнат до нас бидејќи се докажавме како медиум каде нивните гласови се слушнати и кој им овозможува да направат промена. Приказните кои ги создадовме исто така го подобрија нашето присуство на социјалните мрежи каде ги споделуваме на иновативни начини, со што нашата публика јавклучувамена дневна основа. Како тим, сметаме дека медиумите треба да им служат на сите, па затоа се трудимеда бидеме што е можно поотворени и подостапни за нашата публика. Сметам дека сето она што успеавме да го постигнеме, благодарение на поддршката која ја имаме, довербата на нашите читатели се зголеми, а нашата врска со нив се засили, особено со младината и жените. Сега, често добиваме предлози од нашите читатели/публика кои луѓе или теми тие би сакале да ги вклучиме.
Благодарение наможностите понудени преку Western Balkans Media for Change, исто така создадовме значајна соработка со медиуми од државата и регионот, кои објавуваат не само на албански јазик, туку и на другитејазици од Западниот Балкан. Во изминатите 10 месеци, само на порталот Meta.mk, објавени се над 70 наши статии.
Конечно, со учеството во оваа Програма, нашиот тим е посигурен, поповрзан, поподготвен и похрабар да продолжи да работи на квалитетни и веродостојни новинарски содржини.
Елида Зулбеари, главна уредничка на Portalb.mk