©

Patrick Tomasso na Unsplashu

Во оваа статија, Елајза Истон, Главен истражувач за политики во Nesta и Раководител на единицата за политики во Центарот за политики и докази за креативни индустрии, го објаснува виталнтото значење на креативноста во ерата на автоматизација.

Со именувањето на креативните индустрии за приоритетен сектор во Индустриската стратегија на Владата на Обединетото Кралство, се чини дека креаторите на политики можеби стануваат свесни за важноста на креативноста за иднината на Обединетото Кралство.

Nesta го води Центарот за политики и докази за креативни индустрии (PEC), кој е финансиран од Советот на Обединетото Кралство за истражување на уметноста и хуманитарните науки, како дел од Индустриската стратегија на Владата.   Центарот има за цел да воведе значителна промена за индустријата, креаторите на политики и пошироката истражувачка заедница во однос на квалитетот на докази за креативните индустрии, ангажирајќи ги најдобрите истражувачи од Обединетото Кралство за да одговорат на некои од најгорливите прашања во врска со овој сектор кој тежи 100 милијарди фунти.  

Меѓутоа, исто така признаваме дека креативните индустрии немаат монопол врз креативноста. Ние во Nesta и во PEC сме свесни за важноста на креативноста на пазарот на трудот. Ова е особено точно бидејќи во минатото Nesta research тврдеше дека роботите ретко можат да ги заменат креативните работни места, така што тие имаат розова иднина.

Соред тоа, понекогаш може да се чини дека зборот „креативен“ е толку многу употребуван што стана безначаен. Некои луѓе тврдат дека сите работни места што постојат сега, без разлика дали во кафетерија или во банка, можат да се опишат како креативни.На пример, сендвичарата Subway своите послужувачи ги нарекува „уметници“.

За да разбереме дали е тоа така, разгледавме 35 милиони огласи за работни места и истражувавме каде е користен зборот „креативност“ и, што е најважно, неговата поврзаност со идниот раст. Линкот до нашето истражување можете да го најдете под оваа статија. 

И покрај редовната погрешна употреба на зборот, нашето истражување покажа дека креативноста веројатно ќе биде уште поважна на пазарот на трудот. Иако тоа е вештина која може да се пренесе, далеку од тоа дека во секој оглас за работно место ќе се бара „креативност“ како услов. Всушност, огласите за работни места за Креативние занимања од официјалната листа на Министерството за култура, медиуми и спорт (МКМС) на Обединетото Кралство е многу поверојатно да бараат креативност. Користејќи го нашето истражување за идни вештини со издавачот за образование Pearson, исто така откривме дека работните места за кои се бара креативност е далеку поверојатно дека ќе растат како процент од пазарот на трудот до 2030 година. 

Всушност, од сите преносливи вештини кои ги разгледавме, креативноста беше еден од најголемите предвидувачи за иднината на едно работно место. Откривме дека оваа веројатност на раст е особено голема кога е поврзана со вештини за управување со проекти – тоа е најдобрата комбинација за во иднина.

Важно е (и можеби предвидливо) дека нашето истражување исто така откри дека иднината на креативноста не е ограничена на оние кои се вклучени во листата на (МКМС) на Креативни занимања. Други работни места кои редовно бараат креативност во нивните огласи се: цвеќари, пекари и слаткари, готвачи и фризери и бербери. 

Исто така има работни места кои поседуваат многу од техничките вештини кои се бараат во „креативните занимања“, но е помалку веројатно отворено да бараат поседување на „креативност“. Особено, многу видови на инженери и лица вклучени во производство и деловен развој имаат многу заеднички нешта со „креативните работни места“. 

Ова истражување е толку важно бидејќи е лесно да се помисли дека решението за предизвиците во автоматизацијата и иднината на работата е само да се „инвестира во дигитални вештини“. 

Ова е и покрај фактот што претходните истражувања на Nesta покажаа дека „работните места што исчезнуваат“ - оние што веројатно ќе се намалат како процент од работната сила - всушност е поверојатно да имаат потреба од дигитална вештина од оние што најверојатно ќе растат во иднина.Тоа е затоа што има работни места со позитивни изгледи на кои во моментот не им требаат многу дигитални вештини - вклучително и наставници и готвачи, но ова ќе се промени во иднина. Можете да пристапите до нашето целосно истражување „Идни вештини“ со линкот подолу. 

Онаму каде што се потребни дигитални вештини, тие значително се разликуваат кај работните места кои веројатно ќе растат и во работните места кои веројатно ќе се намалуваат.Она што ги издвојува дигиталните вештини „кои ќе опстојат во иднина“ се нивната употреба за не рутински задачи, за решавање на проблеми и за создавање на дигитална содржина.

Што значи тоа?Тоа е грубо потсетување дека употребата на зборот „креативност“ - и покрај прекумерната употреба - сè уште може да ни каже многу за некое работно место.Всушност, сè уште може да ни помогне да разбереме како тоа работно место ќе се исплати во иднина. И тоа е потсетување за креаторите на политики, работодавачите и работната сила дека дигиталните вештини не се ништо без поддршка од креативноста – било да се работи за креативност со табели или со сликарски штафелај и четка. 

Nesta е глобална фондација за иновации.Таа поддржува нови идеи за решавање на големите предизвици на нашето време, преку сопственото знаење, мрежи, финансирање и вештини.Nesta работи во партнерство со други чинители, вклучивајќи ги владите, бизнисите и добротворните организации.Таа е британска добротворна организација која работа ширум светот со финансиска поддршка.

See also

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи