Повеќе од 80 години, Британскиот совет работи за да создаде основа за пријателско знаење и разбирање помеѓу луѓето во Обединетото Кралство и пошироко, во светски рамки.Преку нашата работа во областа на уметноста, ние се трудиме да изнајдеме нови начини на поврзување едни со други и на меѓусебно разбирање, им помагаме на уметниците да освојуваат нови територии, ја поддржуваме креативноста и иновациите, ги јакнеме капацитетите преку градење вештини за поддршка на основните потреби и на културните друштва, ги прошируваме безбедните простори за креативна размена и даваме придонес кон истражувањата и политиките.
Повеќе од 80 години, Британскиот совет работи за да создаде основа за пријателско знаење и разбирање помеѓу луѓето во Обединетото Кралство и пошироко, во светски рамки.Во моментов, ние функционираме во 110 држави во светот, а нашата работа во областа на уметностите бележи пораст секоја година.Нашата амбиција се зголеми и во иднина ние се стремиме да го зголемиме бројот на културни врски помеѓу Обединетото Кралство и светот, двојно зголемувајќи го обемот на меѓународни активности во културниот сектор на Обединетото Кралство.
Нашата работа во Визуелни уметности го поврзува секторот на визуелна уметност на Обединетото Кралство со професионалци на меѓународно ниво, со главен фокус на утврдувањето на фазите и обезбедувањето поддршка на проектите од областа на современата уметност во регионите од светот во развој.Главните активности вклучуваат изложби, работилници, професионални посети за студиска размена и споделување на нашите врвни познавања и совети во врска со логистиката на работењето на меѓународно ниво во секторот на визуелните уметности и музеите.Главните драгоцености на Визуелни уметности ја опфаќаат Колекцијата на Британскиот совет; стручна библиотека со богати извори во врска со случувањата во британската уметност во XX и XXI век; Британскиот павилјон и тимот на професионални експерти за визуелна уметност коишто вршат улога на куратори на изложбите за нашата глобална мрежа, како и нудат совети и оценки за меѓународните институции и поединци коишто сакаат да работат во Обединетото Кралство.
Нашиот проект – Идни екологии е дел од НИЕ СМЕ ТУКА, што претставува серија од филмски програми составени од компилации и инсталации на пет уметници, под покровителство на Тендаи Џон Мутамбу за Британскиот совет и ЛУКС, меѓународна уметничка агенција којашто обезбедува поддршка и ги промовира активностите на уметниците во областа на подвижните слики.НИЕ СМЕ ТУКА преиспитува како современите уметници ги обработуваат темите како национален идентитет, маргинализираност и интимност преку биографија, документаристика, поезија и фикција во филмот.Преку комбинација на документарни, (научно фантастични) фикциски и поетски модуси, Идни екологии работи на собирањето аналитички и јасни согледувања во врска со нашата животна средина, урбаната иднина и одржливоста.
Теми:Животна средина, екологии и космологии, климатски промени, Антропоценот, колонизацијата и екстрактивните индустрии, урбаната иднина и одржливост
Уметници:Уриел Орлоу, Луис Хендерсон, Шарлот Проџер, Бен Риверс, Гарет Џоунс, Лоренс Лек, Бедвир Вилијамс, Џејн и Луис Вилсон, Елизабет Прајс