Уште од пронаоѓањето на интернетот во 1989 година, тој ја трансформираше креативната индустрија претставувајќи нови и бесплатни начини за креирање, создавање и уредување на слики и звуци.
Водечките софтверски компании како што е Adobe објавија бесплатни верзии на нивните програми за кои се плаќа, кои ви овозможуваат на лесен начин да се запознаете со професионални интерфејси, а исто така постојат и огромен број на самостојни алатки со нивни уникатни карактеристики.
Едно од најреволуционерните случувања е пристигнувањето на софтверот со отворен код (OSS), кој доаѓа со дозвола од имателот на авторските права за софтверот, што им овозможува на корисниците да го подобрат, менуваат, споделуваат и зајакнат изворниот код на програмата за која било цел. Најголемиот дел од програмите со отворен код се бесплатни, а некои нудат можности кои се конкурентни на алтернативите за кои се плаќа.
Денес постои поголем опсег на бесплатен софтвер за дизајнирање и креирање од кога било досега, а изборот може да биде огромен. Ние избравме некои од најиновативните и најкорисните алатки и ресурси кои постојат за дизајн, илустрација, правење музика, пишување и друго - и сето тоа без никаков трошок.
Идеи и работен тек
Mindmup е лесна алатка за користење која служи за размена на идеи и креирање на ментални мапи (mind map) кои можат да се чуваат и да се споделуваат онлајн. Доколку ви треба креативна инспирација, не барајте повеќе бидејќи тука е Brainsparker, кој создава зборови и фрази за добивање на инспирација за нови идеи, збогатување на креативното пишување и пишувањето дневници, како и за поттикнување на иновции.
Креативно пишување
Постои огромен број на бесплатни апликации и програми можат да ви помогнат брзо и ефикасно да ги запишете вашите идеи. HaikuJAM претставува апликација за колаборативно пишување која им овозможува на корисниците ширум светот заедно да работат на кратки поетски дела. Wattpad претставува дом на глобална заедница на читатели и писатели кои меѓусебно споделуваат приказни преку мобилен телефон и десктоп компјутер.
Погледнете ги и: Zoho Writer, Evernote.
Уредување на слики
Без разлика дали сте потенцијален фотограф или едноставно уживате да правите слики со вашиот телефон, постојат безброј бесплатни платформи кои можат да ви помогнат да креирате и да ги подобрите вашите слики.Најпопуларна е GIMP (GNU програма за манипулација со слики), програма со отворен код која ви овозможува да ги ретуширате и уредувате сликите со користење на палета од филтри, слоеви и четки.
За брз пристап, пробајте го Pixlr Editor, кој има лесен за користење веб интерфејс кој е достапен од десктоп компјутери и од таблети. Photoshop Express е одлична опција за корисници кои сакаат да се запознаат со Adobe платформата без да имаат дополнителни трошоци.Достапна е преку веб пребарувачите и на Android, Windows и Apple iOS.
Погледнете ги и: Paint.NET, PhotoScape, UltimatePaint.
Уредување на видеа
Креаторите на филмови имаат голем избор на бесплатни програми за уредување на видеа. Lightworks програмата е препорачана од Холивуд и истата е користена за уредување на филмови како што се „Волкот од Волстрит“, „Евтини приказни“ и „Говорот на кралот“.Бесплатната верзија доаѓа во пакет со карактеристики кои ќе ви помогнат да ги составите, рафинирате и подобрите вашите видеа. Друг голем играч е DaVinci Resolve; неговата бесплатна верзија можеби нема некои подетално развиени карактеристики, но има лесни за користење алатки за корекција на боите и аудио алатки.
Има многу достапни апликации за уредување. VivaVideo им овозможува на корисниците со Android и Apple уреди да креираат сопствени монтажи и да ги исполнат со најразлични ефекти, додека iMovie на Apple е една од најлесните за користење апликации која овозможува брзо и лесно уредување.
Погледнете ги и: HitFilm Express, VideoPad, VSDC Free Video Editor.