Teacher showing micr:bit device

Уред „Микро:бит“ е џебен компјутер создаден во Велика Британија со цел да им помогне на децата во основно училиште да научат кодирање, критичко размислување и решавање на проблеми. 

Овој мал, но моќен компјутер содржи процесор, сензори на акцелерометар и магнетометар, компас, блутут и USB конекција, дисплеј кој се состои од 25 LED диоди и две програмибилни копчиња и може да се напојува со USB или надворешна батерија. Двете програмабилни копчиња може да се користат за контрола на игри или паузирање и прескокнување на песни на плејлиста.

БиБиСи и уште 25 други партнери, вклучително и Британскиот совет, го дизајнираа овој уред со цел да ги запознаат децата со кодирањето на возбудлив и привлечен начин, при што, во 2016 година, на новата генерација конечно ѝ беше вратена контролата врз технологијата.

Преку користење на уред „Микро:бит“, учениците можат да работат заедно за да ги решат секојдневните проблеми и веднаш да ги почувствуваат придобивките од сопствената работа, што доведува до чувство на достигнување и задоволство од сработеното. Оваа работа, исто така, ја развива мотивацијата за понатамошно посветување на учењето и истражувањето, што може да доведе до интерес за иновации и претприемништво кај младите луѓе. Проблемите кои учениците сакаат да ги решат со користење на уред „Микро:бит“ може да бидат најразлични: од создавање на едноставни детектори за чад до решавање на навистина комплексни проблеми со кои се соочуваат, како што е намалување на емисијата на јаглерод диоксид.

Споделете на социјални мрежи