Во четвртокот, на 12 ноември, во Скопје, се одржа натпревар за кодирање на микробит уреди за основците, чиишто училишта беа дел од првиот циклус на обуки во рамките на програмата Училишта на 21-от век. Натпреварот беше отворен со обраќањата на Директорката на Британскиот Совет, Елеонора Запрова, и aмбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј.
Децата што учествуваа на натпреварот имаа задача да ги искористат сите свои вештини за да направат проекти кои се релевантни за целите на ОН за одржлив развој. Меѓу одличните проекти коишто имавме можност да ги видиме сепак се издвојуваа три, а жирито ги додели наградите на следниов начин:
1. ОУ "Наум Наумовски – Борче", Скопје
2. ОУ "Кочо Рацин", Скопје
3. ОУ "5. Октомври”, с. Никуштак, Липково