На 3 ноември, вторник, се одржa првиот онлајн натпревар по кодирање. Со оглед на тоа дека ситуацијата со вирусот Ковид-19 сѐ уште не е стабилна, за да го заштитиме здравјето на сите ученици, наставници, членови на жирито и нашите колеги одлучивме настанот да се одржи онлајн.
Овој пат беше поинаква и процедурата за пријавување за натпреварот. Побаравме од училиштата да ни ја испратат презентацијата за нивниот проект во видео формат. По гледањето на секое видео, членовите на жирито им поставуваа дополнителни прашања на учениците доколку имаа потреба од појаснување.
Основното училиште „Ристо Ристески“ од с. Долно Косоврасти победи на онлајн натпреварот. Учениците Ермира Оручоска и Сеад Рустемоски го изготвија проектот наречен „Правосмукалка Мирина в1.0“, под менторство на наставникот Ристо Коларовски. „Ни беше интересно, научивме многу од другите проекти и сега имаме дополнителна мотивација да продолжиме со надоградба на нашиот проект – правосмукалка“, рекоа тие. Второто место го освои училиштето „Ашим Агуши“ од с. Радолишта, Струга со проектот „Класификација на отпадот со употреба на „Микро:бит“ уредот“, а третото место му припадна на училиштето „Страшо Пинџур“ од Карбинци кое го изготви проектот „И СМАРТ И СПОРТ (Паметна употреба на паметни уреди)“.
На натпреварот учествуваа и следните основни училишта:
- ООУ „Гоце Делчев“, Виница
Проект: Дејствувај на време – штеди електрична енергија - ООУ„Јосип Броз Тито“, Струга
Проект: Паметна еко канта за рециклирање - ОOУ „Мирче Ацев“, Скопје
Проект: Сигурносен аларм на потрес и светлина - ООУ „Мустафа Кемал Атататурк“, Центар Жупа
Проект: Сигурносен аларм на потрес и светлина - ООУ„Даме Груев“ с.Ерџелија, Свети Николе
Проект: Економично наводнување - ЦОУ "Милто Гурра" с.Стрелци, Кичево
Проект: Училишното ѕвонче – Еден различен ден