Водичот за критичко размислување и решавање проблеми (КРРП) за наставници е создаден како дел од обуките во рамки на програмата „Училиштата на 21 век“. Неговата цел е да ја олесни обуката за критичко размислување и решавање проблеми и да ја направи разбирлива за учесниците. За време на тридневната обука, наставниците:
- ќе истражат препорачани докази за тоа како може да се предава и оценува КРРП;
- ќе добијат практични примери за тоа како да развиваат КРРП во нивните училишта;
- ќе препознаваат можности во рамките на нивните училишта за да развиваат вештини за КРРП;
- ќе развиваат водство, проектен менаџмент и техники на самооценување за да го вклопат критичкото размислување и решавањето проблеми во пракса.
Во овој водич ќе може да дознаете повеќе за основите на критичкото размислување и решавање проблеми, да гледате на проблемите од различни перспективи, да ги проценувате доказите, нерутинските проблеми и длабоките структури.