Webinars, school staff

Организиравме вебинар наменет за стручните служби од основните училишта, за нивна подобра вклученост во програмата „Училишта на 21 век”, со подетално запознавање со програмата, ресурсите кои што се користат, предлог механизми за имплементација, како и нивната улога  во поддршка на наставниците при планирање на наставниот процес со примена на приоди кои што вклучуваат критичко размислување и решавање проблеми (КРРП) и кодирање.

Вебинарот го реализираа искусни обучувачи на наставници и директори од програмата „Училишта на 21 век“:

  1. д-р Бети Ламева, раководител на Сектор за испити, ИТ и истражувањa, Државен испитен центар 
  2. Олга Самарџиќ Јанкова, Консултант за ИКТ во образование
  3. м-р. Маја Виденовиќ, наставник по информатика, ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје

ГЛЕДАЈТЕ ГИ СНИМКИТЕ ОД ВЕБИНАРИТЕ ПОДОЛУ И ВИДЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ 

Првиот ден

Првиот ден, во првиот дел од вебинарот се дискутираше за улогата на стручните служби од основните училишта во поддршката при спроведување на програмата „Училишта на 21 век” во нивните училишта.

  • Важноста и значењето на клучните компетенции на 21от век и зошто треба да се вклучени во образовната рамка.
  • Компетенции кои се развиваат со примена на КРРП и  примери за образовни активности кои поттикнуваат КРРП.
  • Како Микро:бит уредот придонесува за развивање на КРРП.
  • Улогата на училишниот проект во креирање на средина за развој на КРРП во училиштето.
  • Презентирање  на достапните ресурси развиени во рамки на програмата Училишта на 21 век.

Вториот ден

Вториот ден, вториот дел од вебинарот беше наменет за тоа кои се подрачјата на делување на стручната служба и предлог механизми за поддршка на наставниците во спроведување на  повисоки нивоа на учење, стратегии, техники  и активности на часот кои поттикнуваат развивање на вештини за КРРП.

  • Поддршка на наставниците при планирање и реализација на наставниот процес преку примена на современи принципи и приоди во планирањето и реализирањето на наставата кои овозможуваат развивање на КРРП.

  • Поддршка на професионалниот развој и соработката на наставниците во функција на унапредување на наставната практика.
  • Реализација на квантитативни и квалитативни истражувања за примената на КРРП во наставата и постигнувањата на учениците.
  • Поддршка во усогласување на потребите и приоритетите на училиштето и наставата во училиштето и воспоставување на системски промени во функција на подигање на квалитетот на наставниот процес и постигнување на повисоки резултати кај учениците преку развивање на КРРП.

ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД ВЕБИНАРИТЕ 

  • Презентацијата од првиот ден (23 март) е овде.
  • Презентацијата од вториот ден (24 март) е овде.
  • Индикаторите за квалитетот на работата на училиштата се преземени од страницата на Државниотпросветен иснпекторат (пристапено на 28 март 2020 година) и може да се најдат овде.
Споделете на социјални мрежи