Неколку пијано типки, 23 „Микро:бит“ уредот тимска работа и добар наставник е она што е потребно за да се изгради успешен проект. Учениците од основното училиште „Кирил и Методиј“ конструираа пијано користејќи „Микро:бит“ уреди и освоија награда за тимска работа на нашиот Регионален натпревар кој се одржа во Белград во 2019 година.

Дамјан, Марко и други ученици од 9-то одделение едвај чекаа да ни кажат за тоа како го конструирале инструментот и колку е важно критичкото размислување и решавање проблеми кога станува збор за градење пијано од ништо. Учениците работеа многу напорно, а со одличната тимска работа дојде и огромната поддршка од нивните наставнички Павлина Цонева и Вања Петровска.

Кој беше најголемиот предизвик при креирањето на овој проект? Дали овој проект е добар не само за музичко образование, туку и за физичко образование? Дознајте во видео приказната подолу.

Споделете на социјални мрежи